Поточно за Западна Германија. Тој се соочил со расистички проблеми на почетокот на својата репрезентативна кариера и вика дека и денес има уште остатоци од тој период.
Во меѓувреме Жером Боатенг стана првиот црномурен Германец кој освоил Светско првенство, а денес дресот на Германија со голем успех го носат неколку црнци како Серж Гнабри, Антонио Ридигер, Тило Керер и бисерот Лерој Сане. Ама на времето не било баш лесно да се стане прв црнец кој заиграл за „Маншафт“.
Во 2006-та година Џералд Азамоа испиша историја како првиот Африканец кој заиграл за Германија на Светско првенство.
„Никогаш не помислив дека такво нешто ќе се случи“, го почнува својот разговор со Дојче Веле Костеде, во чудо дека денес толку црнци играат за Германија.
„Црномурните играчи имаат многу самодоверба. Јас никогаш не сум можел да замислам да бидам толку самоуверен додека играв“.
Ервин Костеде бил син на Германка и Афроамериканец, роден во западниот германски град Минстер. За Германија играл само 3 пати и не дал ниеден гол.
„Кога давав интервјуа селекторот Хелмут Шон ми викаше да спомнам дека нема расизам во Германија. Но не беше така! Им реков дека има расизам и тој збесна. Да се игра за Германија како прв црнец беше сензација во тоа време па сите новинари сите очи беа свртени кон Ервин Костеде. Но јас бев сам, стварно бев сам“, се сеќава тој.
Со Франц Бекенбауер биле главни играчи во Бундеслига. Уште се памети вториот највисок пораз во клупската историја на Баерн Минхен кога Кикерс Офенбах ги прегазил со 6:0 а Костеде дал 2 гола. Но најмногу му е благодарен токму на Кајзер Франц зошто овозможил Костеде да игра на Вембли против Англија.
🇩🇪 Erwin Kostedde was the first Black player to represent Germany.
— DW Sports (@dw_sports) October 14, 2020
Nearly half a century on, the former #Bundesliga striker tells DW that racism is still a problem on the pitch and in German society.
📽️ The story of a forgotten pioneer: pic.twitter.com/Xfmzn3J16T