Offside

УЕФА и КОНКАКАФ (фудбалска конфедерација на Северна, Централна Америка и Карибите) почнале официјални преговори за покренување заедничка Лига на Нации која би имала дури 96 репрезентации.

Гол во Норвешка за ударна насловна страна

Клубот Бодо Глимт има неверојатен, незапаметен старт во најдобрата норвешка лига. На 8 меча имаат 8 победи со гол разлика 32:8. Ако вака продолжат може да стигнат до историска титула. Синоќа со 2-1 го совладаа Кристианштуд, а победничкиот гол беше страва.

Фото на денот

Едниот играше во Интер, другиот во Милан, а синоќа се појавија на терен како тренери на Болоња и Наполи 1:1 и во еден момент седнаа на иста клупа. Ете тоа е фудбалот кој го сакаме. Џентлмени.

Абе тој не е од твоја, али ок

Некои контри 2 на 1 со голман, знаат да завршат како што никој не би очекувал, како оваа во МЛС. Ова требаше да биде лесен гол, ама скроз го промаши додавањето по кое како да ви кажеме.

Унион Берлин ќе тестира по 22.000 навивачи за да има публика на стадион

Додека во Шпанија, Англија и Италија се доигруваат фудбалските сезони, Германците веќе мислат на следната. Сега главен предизвик им е како да ги наполнат стадионите во 2020/2021.

Од кога Португалија се снабди со африкански фудбалери од земји кои им биле колонија

Во репрезентацијата на Португалија може да најдете фудбалери со разни етнички корени. Предците на многу од нив биле дојденци од Африка кои бегале од сиромашни земји во многу побогатата Португалија. Токму таков им донесе злато во 2016-та.

Адриано е направен змеј

Снимен е во неделата сабајле на некој концерт. Значи од сабајле не може да стои на нозе. Се ќупосал од пиење.

Овие Аталанта колку сакаат и од кај сакаат даваат голови

Аталанта – Удинезе 7:1, Торино – Аталанта 0:7, Лече – Аталанта 2:7, Аталанта – Парма 5:0, Аталанта – Милан 5:0 и бидејќи малку им беа овие резултати синоќа Аталанта - Бреша 6:2. Хет-трик на Пашалиќ и по еден на Де Рон, Ѕапата и Малиновски. Го издвојуваме тој на Украинецот кој ладнокрвно им ја здува од 25 метри.

Кога Пеп дозна дека им е укината казната за ЛШ

УЕФА во февруари годинава реши да го исклучи Манчестер Сити од еврокуповите на две сезони поради кршење на финансискиот фер плеј, но Меѓународниот суд за спортска арбитража во Лозана ја поништи суспензијата.

Трол на денот за две екипи склони на добивање пенали

Во седиштето на УЕФА во петокот беа извлечени паровите од нокаут фазата за ЛШ кои продолжуваат со играње следниот месец. Во полуфинале е можен дуел меѓу Јувентус и Реал Мадрид.

Кога Диего Марадона одбил 100 милиони долари да стане Американец

Во тоа време Диего важел за најпопуларниот човек на цела планета Земја, па американските компани, поддржани од власта, сакале да го направат Американец преку ноќ со 100 милиони долари. Диегито само одмавнал со рацете. No gracias.

Тениската шампионка која ги намали градите за да може комотно да игра

Долго време најдобрата светска тенисерка, Симона Халеп, која во моментов е број 2 на светската ранг листа, во 2009-та година на свои 17 години носи одлука која што драстично ѝ ја смени кариерата.

Неповторливото финале меѓу Федерер и Ѓоковиќ на кое и двајцата го заслужија пехарот

Да ве потсетиме што правевте лани на овој ден? Седевте 5 часа пред телевизор со препотени раце од возбуда и јанза, кој дали ќе победи вашиот идол од двајцата великани без кои тенисот никогаш повеќе нема да биде ист.

А видовте ли во време на пандемија како даваат пехари во Формула 1?

Формула 1 од оваа сезона воведе робот којшто им ги носи пехарите и другите трофеи на возачите кои ќе се најдат на подиумот, од причина што постојат мерки во борба против вирусот.

После 133 години во Чемпионшип влезе Викомб, со најснажниот фудбалер на светот Акинфенва

Драги соборци кладилничари, ова е вест која сигурно ќе ве насмее и ќе ви биде драга. Тимот кој неизбежно сте и сме го гледале додека го листаме билтенот, после 133 години ќе биде дел од елитната англиска втора лига Чемпионшип. Таму ги носи култниот Адебајо Акинфенва.

Ни Чичарито не е тоа што беше

ЛА Галакси изгуби дома со 1-2 од Портланд во првото коло од рестартот на МЛС, а еден од виновниците за поразот е Хавиер Чичарито Ернандез, мексиканскиот шпиц кој долги години играше во Европа. Чичарито постигна гол во 88' минута ама претходно во 12-та минута утна пенал и уште еден неверојатен зицер.

Секоја секунда е важна, а тоа најдобро го знае великанот Кире

Европската ракометна федерација објави гол со кусо објаснување дека секоја секунда е важна, а за пример го даде еден од најдобрите десни бекови во светот, Кире Лазаров кој ладнокрво го реши мечот против Украина на ЕП 2020 кое се играше во јануари.

Кога Рамос ќе го одмени Куртоа

Со триумфот над Гранада на гости со 1:2, Зинедин Зидан стигна до рекордни 9 победи во низа за прв пат во тренерската кариера. Ако во четврток го совлада Виљареал, Реал Мадрид ќе ја освои титулата во претпоследно коло. Херој на сезоната им е без конкуренција, Серхио Рамос.

Интер од корнер изведе акција како на Сони

Момците на Антонио Конте синоќа го совладаа Торино со 3:1 и се израмнија по број на бодови со Лацио. Еден од стрелците беше Годин, благодарние на една многу умно изработена акција на Санчез, Брозовиќ и Јанг. Ептен фудбалски изработено.

Момците на Инѕаги се без гориво, со нов сомнителен нутриционист и недолечени повреди

Рестартот на сезоната во Серија А требаше да донесе голема битка за титулата, но како се ближи крајот, така се намалува неизвесноста. Додека Јуве штанца бодови, Лацио игра како да е на бандаж и губи од кој стигне. Нешто не штима во тимот кој е непрепознатлив за разлика од пред паузата.

Добро бе кој ве учи вака да паѓате?

Ќе речеш Шведска е, нема шанси таму вакви срамои да има, тоа во Италија само. Ма како само во Италија, крај не може да им се најде на пацериве низ цел свет. Паѓаат без никаков контакт и тоа умешно и потоа добиваат пенали. И тоа се работи за играч од прволигашот Дјургарден.

Интер со преубави сеќавања за моментите со Пандев

Во епизодата посветена на нашиот најдобар фудбалер на сите времиња, на платформата DAZN, на носталгичен начин нераѕурите се сеќаваат на човекот по кого сега лудуваат навивачите на Џенова. Горан игра фантастична сезона, преживува втора младост, се изнадава голови и ја чува Џенова над амбисот од Серија Б.

Млад романски голман е хит на колото

Рапид Букурешт игра во втората романска лига. Еден од најпопуларните клубови во оваа земја, во 2016-та година банкротираше и тешко се опоравува.