Offside

УЕФА и КОНКАКАФ (фудбалска конфедерација на Северна, Централна Америка и Карибите) почнале официјални преговори за покренување заедничка Лига на Нации која би имала дури 96 репрезентации.

Дончиќ и Бобан 1 на 1

НБА лигата продолжува на 31 јули, а сите натпревари ќе се играат во огромниот комплекс Светот на Дизни во Оландо каде има повеќе хотели, сали и комплетни услови за завршница на најдобрата НБА лига. За тоа време во Далас Маверикс се острат Дончиќ и Бобан Марјановиќ кои се пробаа 1 на 1.

Нови бонусни акции во Спорт лајф

За активирање на акциските бонуси потребно е одигрување на најмалку три натпревари на онлајн тикет, со минимална квота по натпревар - 1,40 и минимален износ на online тикетот/ите да е еднаков на износот од внесениот депозит.

Ноер пеел хрватска песна од спорниот Томпсон, па го критикуваат во Германија

Еден од најдобрите светски голмани на сите времиња, Германецот Мануел Ноер веќе неколку недели е на јадранското приморје во Хрватска каде ужива со пријателите. Многу жители на хрватските острови објавуваа фотографии со голманот на Баерн кој вози велосипед, руча по локалните таверни и многу приземно се однесува.

Срамно, но очекувано решение на Арбитражниот суд - поништена казната на Ман. Сити

Меѓународниот суд за спортска арбитража (CAS) во Лозана, донесе одлука со која се поништува суспензијата на Манчестер Сити во еврокуповите.

Ама се отвори мајсторов во шеснаесетник

Голот на колото изгледа не треба да се бара во Шпанија, Италија или Англија, туку во Словенија каде знаат често да изненадат со голчишта. Извесен Михаел Клепач од Алуминиј двајца играчи прати по бурек со месо и јогурт, а на голманот на Олимпија му рече: И да браниш и да се тргниш, исто ти е.

Ерлинг Халанд на одмор собира дрва за зима со татко му

Сезоната во Германија веќе заврши, а Борусија Дортмунд испадна од Лига на шампиони. Затоа Ерлинг Халанд користи летен одмор во родната Норвешка.

Голот во 96-та минута после кој плачеа и двата тима

Минатата година Нирнберг испадна од Бундеслига а сега малку фалеше да потоне уште подлабоко во трета лига. Се спасија со гол буквално во последни секунди.

Доминацијата на Аталанта против Јувентус

Сериозна екипа излезе оваа Аталанта. 14 кола се без пораз, прошло коло стигнаа до историска серија од 9 победи по ред, а викендов италијанскиот шампион им се извади со два пенали. Гледајте го видеово и пазете на податоков што излезе: 8 минути и 11 секунди не фатил Јуве топка на противничка половина.

Мев на колото

Наполи и Милан ремизираа 2:2, поделија по бод, а Џенаро Гатузо во еден момент од мечот смешно се одрази да фати една топка што одеше накај него во аут.

Шоу на Лука Дончиќ на тренинг

Кошаркарите на Далас Маверикс, како и другите екипи тренираат во Орландо и се спремаат за кам бек. Не треба да почне НБА за младиот словенечки ас да го сврти вниманието. Погледнете го какви два потези изведе на тренинг.

Енис Барди е стрелец број 1 меѓу странците во Леванте

Фудбалерите на Леванте загубија синоќа од Атлетик Билбао, но со оглед на бодовната разлика со екипите од долниот дел на табелата, може мирно да спијат. Нов гол на Барди, вреден историја.

Пандев не старее, туку растура за Џенова

Што ли ќе прави најстариот италијански клуб, кога капитенот на Македонија ќе се повлече? За две недели полни 37 години, ама тешко на нападот на Џенова без него. Минатото коло покажа дека е мајстор со десна и сега ете го повторно и против Спал за 1:0 во 24-та минута.

Јувентус буквално не се спои со топка против Аталанта, па освои бод со 2 пенали

Според статистиката фудбалерите на Јувентус во првиот дел точно 8 минути и 10 секунди не ја пипнале топката на противничка половина а 11 минути и 34 секунди таму немале ни додавање.

Вратари го исфрлија Халанд од диско

По завршувањето на Бундеслигата каде сезонава беше неверојатно откровение и важи за најдобар млад фудбалер во цела Европа, Ерлинг Халанд се вратил во татковината на одмор. А таму пред еден ноќен клуб го исфрлаат како партал.

Волкановски ја одбрани титулата шампион

Австралискиот борец со македонско потекло Александар Волкановски со крајни напори, многу потешко од претходниот пат го победи Американецот Макс Холовеј на УФЦ 251 настанот на островот Јас кај Абу Даби.

Кога Коби ќе загубеше топка во напад

Да, добро гледате, стигна и го залепи.

Тотенхем? Што е тоа?

Навивачите на Тотенхем не може да ја гледаат сезонава табелата во Премиер лига од едноставна причина што нивниот тим е деветти на табела. Ако сака некој да ги донервира и него и Мурињо, нека им го пушти видеово.

УЕФА не го вика уште еднаш овој на влечење ждрепка

Европската куќа на фудбалот денеска имаше ждрепка за ЛШ и ЛЕ под поинакви услови и без луѓе во публика. Кај мака мачеа со технички проблеми и не успеаа да вклучат он лајн неколку клубови, па уште имаа и лев гостин.

Јунајтед 10 години немал вакво засилување

Португалецот Бруно Фернандеш го препороди Манчестер Јунајтед. Два пати по ред ја добива наградата за играч на месецот, негов гол е прогласен за најубав на месецот во Премиер лига.

Гронинген изгледа ќе има опасно спремен Робен

По дводецениската блеската кариера и вкупно 30 трофеи од кои 20 со Баерн, Ариен Робен неодамна реши да направи кам бек и покрај тоа што се повлече лани. Се врати во Гронинген, својот прв клуб каде почна на 16 години, а сегашните 36 не му се ни приметуваат. Погледнете го како лавовски се спрема.

Најсилниот Македонец викендов ќе се бори за нов шампионски појас

Претстојниов викенд на „Боречкиот остров“ ќе се одржи турнирот UFC 251 каде главна борба за титулата во перолесна категорија ќе водат Алекс Волкановски и Макс Холовеј.

Кај најде и ти пред базен да известуваш со ултраси?

Појма немаме што зборува, бидејќи се работи за португалски новинар, само знаеме дека тие позади него се навивачи на Порто, кои сакаа да му учинат на човекот да не му е топло.

Познати се паровите кои ќе вкрстат во топ 8 фазата од ЛЕ

По извлекувањето на четвртфиналните двојки за ЛШ, стандардно еден час подоцна ги дознавме и можните парови за топ 8 фазата во Лига Европа.

Можни четвртфиналиња: Јуве - Реал, Барса - Баерн

На денешната ждрепка во Нион, беа извлечени двојките за четвртфиналето и полуфиналето од Лига на шампиони, кои ќе се одиграат во необични и многу поинакви околности.