Тотенхем се чинеше дека ќе го збрише лесно Вест Хем и ќе ја оправда фаворитската улога пред сè за себе, а потоа и за кладилница, ама фудбал се игра не 90, туку 90 + колку ќе каже судијата.
Само 16 минути игра им беа потребни за да обезбедат предност од 3:0, која се покажа дека не е капитална што би рекле коментаторите. 1` минута Сон, 8` Кејн, 16` пак Кејн.
Но сепак ништо не беше готово. Домаќините во 82-ра примија гол од Балбуена, а Санчез во 85-та си даде автогол.
Во 72-ра минута Жозе му ја даде првата шанса за повратникот Герет Бејл, а тој во 91-ва минута се изрезили и покажа дека треба да го повежба малку повеќе шутот. Кејн му даде топка во контра, Бејл едниот го седна на газ, излезе пред голман и го промаши цел гол.
И наместо 4:2, точка на драматичниот финиш стави Ланцини со лудачки гол во 94-та минута за конечни 3:3.