Баерн има ново чудо од дете

Баерн искористи простор меѓу репрезентативен и клупски фудбал да одигра меч од Купот на Германија против Дирен. А таму талентот го докажа Џамал Мусиала кој има само 17 години.

Роден е во 2003-та година во Штутгарт а подоцна се преселил во Англија каде го поминал детството. Едно време тренирал и во Челси од каде доаѓа во Баерн. Во 2020 веќе има 4 настапи за Баварците со 1 гол. Синоќа во Купот Баерн со 0-3 го совлада нисколигашот Дурен (Чупо-Мотинг 2 гола и 1 Томас Милер).

16 октомври 2020 - 09:37