Првото гостување на Англија во Скопје на 6 септември 2003-та се памети по многу нешта. Како на пример честа да гледаме во живо фудбалски симболи како Бекам, Овен, Џерард, Лампард, Тери, Невил.
По тоа што први поведовме со голот на Ѓорги Христов кој направи земјотрес на Градски. По историскиот гол на Вејн Руни кој стана најмлад стрелец за англиската репрезентација, кој за жал го сврте резултатот со помош на Бекам од пенал.
Но незаборавна ќе остане и увертирата пред мечот кога Тоше Проески се појави со знамето на грб и гордо ја згрми химната на Македонија во придружба на маестро Симон Трпчески.
Крцаше стадионот, а во прв состав играше и еден сè уште активен репрезентативец. Да, кој друг ако не Горан Пандев, тогаш со 20 години. Какви моменти.
Да се потсетиме и на головите
Потоа беше и на Олд Трафорд кога на 7 октомври 2006-та и одиграме уште реми на Англија. Овој пат без голови во квалификациите за ЕП 2008.
Тоше загина на 16 октомври 2007-ма, а следниот ден Македонија во истиот квалификациски циклус ја пречека Андора, скроз неатрактивен противник и меч за кој обично едвај имало по 5.000 публика.
Но овој пат на Градски дојдоа 20.000 луѓе, не толку за фудбалот, туку повеќе во чест на трагично починатиот ангелски глас која ја фрли во солзи цела Македонија и пошироко.
Славевме 3:0, а стрелците Наумовски, Седлоски и Пандев головите му ги посветија на големиот навивач кој четири години претходно им беше мотивација плус на терен со изведбата на химната.
Еден од белезите кој ги остави на спортски план е и впечатливата навивачка химна за македонската репрезентација.