Реакцијата на Бруно кога дозна дека ќе биде капитен против ПСЖ

Ја игра само втората сезона во Манчестер Јунајтед, но веднаш се наметна со својот талент и лидерски способности и беше играч број 1 на Олд Трафорд уште во деби сезоната. На ден пред мечот со ПСЖ на гости во ЛШ беше седнат на прес со Солскјер кој доби прашање кој ќе биде капитен во отсуство на повредениот Хари Мегваер?

Португалскиот плејмејкер беше пријатно изнаден од одговорот на неговиот тренер и истовремено со новинарите дозна дека вечерва токму тој ќе ја носи капитенската лента за прв пат.

Ако ја испуштивте викендов оваа велелепна акција против Њукасл во која Бруно Фернандеш учествува прво со петица на своја половина, а потоа се појави во шеснаесетник за да финишира.

ОД АНОНИМЕН ИГРАЧ ВО 2-РА ИТАЛИЈАНСКА ЛИГА, ДО ЛИДЕР НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

20 октомври 2020 - 09:56