Таг: бруно фернандеш

Бруно Фернандеш распука од 25 метри

Манчестер Јунајтед го совлада Шефилд со 4:2 откако губеше во два наврати. Португалската ѕвезда постигна два гола, од кои едниот мајсторски.

Бруно Фернандеш ли е ова или Малдини?

Со двата гола на Мектоминеј, Манчестер Јунајтед го доби дербито против Челси со 2:1. Издвојуваме еден потег на Бруно во одбрана, во стилот на врвните дефанзивци, јако надмудрување на Ентони во дуел со Тијаго Силва, како и ножички на Гарначо, овој пат за во канта.

Бруно намерно ли го издиша Де Јонг?

Манчестер Јунајтед ја елиминираше Барселона во плејофот од ЛЕ, а во еден момент нервите зовреа на Олд Трафорд поради еден непромислен потег на Бруно Фернандеш кој го зарога Де Јонг со топка и доби жолт.

Мајсторското додавање на Бруно Фернандеш кој објаснува од кој професор го научил

Рикардо Кварезма кој се пензионираше лани во дресот на Виториа Гимараеш на 39 години, е поим за секогаш атрактивниот надворешен фелш. Прекрасниот мајсторлук оди во наследство кај неговиот сонародник од Манчестер Јунајтед кој знае често и многу корисно да го употреби.

Бруно Фернандеш од Катар за ФК Вардар

За ФК Вардар и Комити утре е голем ден. Македонскиот спортски бренд слави 75 години од своето постоење, а нивната најверна навивачка група 35 години. За таа чест на Градски со почеток од 19:30 е закажан навивачки спектакл и пријателска против Железничар од БиХ. Ѕвездата на Манчестер Јунајтед и Португалија повика да се оди на стадион.

Не баш топол поздрав на Бруно Фернандеш со Роналдо

На островот „гори“ после интервјуто на Роналдо кој се отвори против Манчестер Јунајтед, тренерот, управата...На неговиот клупски и репрезентативен колега очигледно не му е по ќеиф и ова видео на нивниот собир за Светско како да покажува дека не му ја дава поддршката. Бруно со кисела фаца, Кристијано збунет.

Не ти ја давам бе, не ти ја давам

По двата порази од Брајтон и Брентфорд, Манчестер Јунајтед изненади со победата од 2:1 над Ливерпул, а со однесувањето изненади и Бруно Фернандеш од кој имаме ситуации за одбележување.

Му ја бранам на Бруно и ги тепаме

Манчестер Јунајтед неуспешно ја стартуваше 2022-ра, со пораз дома од Вулверхемптон од 0:1 и сега е седми на 4 бода зад четвртата позиција. Мечот го реши Жоао Мутињо во 82-ра минута, а во последниот миг од средбата, трепера срцата на Олд Трафорд.

Бруно Фернандеш за Пандев

Овациите и шпалирот во чест на Пандев се емотивен момент за секој фудбалер и фудбалски фанатик. Ѕвездата на Португалија и Манчестер Јунајтед го сподели посебниот момент на Твитер.

Бруно Фернандеш од место е како снајперист

Португалија со сигурност е фаворит број 1 за титулата европски шампион. Португалците ќе го бранат пехарот освоен во 2016-та а за таа цел на Европско одат во страшен состав. На последната проверка пред турнирот, со 4-0 го демолираа Израел. Бруно Фернандеш даде два гола од кои последниот на мечот вреди да се гледа неколку пати.

Бруно гледај секако како ќе те имитирам

На капитенот на Реал Сосиедад, Микел Ојарзабал изгледа идол му е Бруно Фернандеш. Синоќа шутираше пенал идентично како него пред негови очи, а потоа тренерот со право требал да му рече дека ако му се повтори, ќе игра со младинците.

Тројца се караат, Бруно користи

Манчестер Јунајтед до врв му ја наполни мрежата на Реал Сосиедад. Во Шпанија синоќа англискиот претставник победи 0-4 на првиот меч од 1/16 финале на Лига Европа. Два гола даде Бруно Фернандеш. Првиот беше после глупа реакција на домашните дефанзвици. Ова е осми гол за Бруно во еврокуповите откако е во Јунајтед.

Бруно до Рики: Секогаш беше цар, твоите успеси ќе бидат и мои

Стефан Ристовски и официјално стана играч на Динамо Загреб каде друштво ќе му прави Аријан Адеми. На Спортинг му кажа збогум на емотивен начин, а убави зборови му напиша и Бруно Фернандеш.

Велемајсторски слободен удар на Бруно

Кризата на Ливерпул се префли и во ФА Купот каде вечерва беа елиминирани од Ливерпул со 3:2. Решавачкиот гол го постигна Бруно Фернандеш, ама не со оние класични кифли преку жив ѕид, туку со низок безобразен и непредвидлив сув лист.

Какво голчиште на Бруно Фернандеш

Манчестер Јунајтед вечерва го пречекува Башакшехир во Лигата на шампионите и после 35 минути води со 3-0. Два од трите гола во првиот дел даде Бруно Фернандеш од кои првиот беше бомбастичен.

Реакцијата на Бруно кога дозна дека ќе биде капитен против ПСЖ

Ја игра само втората сезона во Манчестер Јунајтед, но веднаш се наметна со својот талент и лидерски способности и беше играч број 1 на Олд Трафорд уште во деби сезоната. На ден пред мечот со ПСЖ на гости во ЛШ беше седнат на прес со Солскјер кој доби прашање кој ќе биде капитен во отсуство на повредениот Хари Мегваер?

Манчестер Јунајтед се изнамачи 120 минути за пласман во полуфинале

По 90 минути игра во Келн на мечот Јунајтед - Копенхаген, падна само гол, оној на Гринвуд во 45 минута кој беше поништен поради офсајд. Мечот отиде во продолженија, а таму човек на одлука беше Бруно Фернандеш од пенал.

Јунајтед 10 години немал вакво засилување

Португалецот Бруно Фернандеш го препороди Манчестер Јунајтед. Два пати по ред ја добива наградата за играч на месецот, негов гол е прогласен за најубав на месецот во Премиер лига.

Мангупарија на Игало на асистенција на Бруно

Манчестер Јунајтед го потопи Ласк на гости со 0:5 во топ 16 фазата од ЛЕ, а во центарот на вниманието е блесокот на новите две засилувања. Едниот асистираше атрактивно, другиот си поигруваше со топка по што ја закуца душмански.

Од анонимен играч во 2-ра италијанска лига, до лидер на Манчестер Јунајтед

Најозборувано име во фудбалска Британија во моментов е Бруно Фернандеш, Португалецот кој го крена ранетиот Манчестер Јунајтед и го насочи на пат кон Лига на шампиони.

Штосен пенал на Бруно и пофалби од Сколс за играта

Кога на Олд Трафорд можеш веднаш да се прилагодиш и веќе во првиот месец да се истакнеш со два гола и две асистенции, а згора на тоа да те фали една од најголемите легенди на клубот, тогаш тоа е тоа. Ќе те биде, односно те бидува веќе.

Фото на денот

Манчестер Јунајтед синоќа направи зделка вредна 80 милиони евра. Се работи за фудбалерот на Спортинг Бруно Фернандеш кој две години по ред е прогласуван за играч на сезоната во Португалија. Пред да го облече црвениот дрес од Олд Трафорд, да видиме како му стои прво тој од Градски.