Јунајтед 10 години немал вакво засилување

Португалецот Бруно Фернандеш го препороди Манчестер Јунајтед. Два пати по ред ја добива наградата за играч на месецот, негов гол е прогласен за најубав на месецот во Премиер лига.

Бруно Фернандеш е најзаслужен за супер серијата на Манчестер Јунајтед кој од потполно отпишан, сега е на само 1 бод од зоната која води во Лига на шампиони (Лестер е 4-ти).

Од првиот меч во февруари, па до денес, 25-годишниот Португалец има 8 гола и 7 асистенции во Премиер лигата. Само на два меча во англиското првенство немал гол ни асистенција (на дебито против Вулверхемптон на 1 февруари и скоро против Шефилд Јунајтед дома на 24 јуни).

На последните три меча го има ова: два гола (Брајтон), гол и асистенција (Борнмут), гол и асистенција (Астон Вила). Токму еден од двата гола против Брајтон Премиер лигата го избра за најубав на месец јуни:

Претходно Бруно даде и убав гол во Лига Европа против Астана. Во овој турнир Јунајтед го чека формален реванш против ЛАСК кого го прегази во Австрија со 0:5 пред стартот на карантинот поради пандемијата. На денешната ждрепка во Нион, Манчестер во четвртфиналето од Лига Европа ќе игра против подобриот од реваншот Копенхаген - Башакшехир (Турците го добија првиот меч со 1:0).

Како досега играше Бруно за Јунајтед:

Малку е познат и фактот дека Португалецот пред 8 години играше во втората италијанска лига Серија Б каде дошол на 17 години

10 јули 2020 - 14:55