За ФК Вардар и Комити утре е голем ден. Македонскиот спортски бренд слави 75 години од своето постоење, а нивната најверна навивачка група 35 години. За таа чест на Градски со почеток од 19:30 е закажан навивачки спектакл и пријателска против Железничар од БиХ. Ѕвездата на Манчестер Јунајтед и Португалија повика да се оди на стадион.
А работата се знае кој ја има завршено со Бруно. Капитенот на Македонија, Стефан Ристовски кој е поранешен играч на Вардар. Пријателските односи ги негуваат откако заедно играа во Спортинг.