Тешко е да се најде лига без извалкани раце и сите афери за наместени натпревари избувнуваат од разни место во светот, па зошто и Шпанија би била имун на задкулисните игри на обложувачките мафии кои вртат милијарди од фудбалот.
Плус ако можат клубови најнормално да влегуваат во спонзорски договори со кладилници, а тоа да помине глатко кај ФИФА и УЕФА, зошто па ние да не можеме барем да имаме сомнеж за добро оркестриран план на Барселона и Реал за вадење пари од кладилница.
Како? Епа така. Едниот кога кикса и другиот по него. Можеби е само коинциденција, ама со оглед на тоа што зборуваме за две екипи на кои императив им е победа и само победа и се разбира трофеи на крај на сезона, се знае дека ретко киксаат двата гиганти.
Арно ама, веќе апла се приметува дека секоја сезона редовно им се случува тоа и тоа во исто коло, а кој е тој маж што може да ги погоди и двете нерешено на пример?
Фативме да броиме колку ова се случува често и мотавме неколку сезони наназад. Знаете до каква статистика дојдовме? Барселона и Реал Мадрид имаат 21 заеднички кикс само изминативе шест сезони со се новава која само што почна и во ниту една од нив не се случило заедно да не киксираат.
Од 21 кикс во исто коло десет пати заедно играле нерешено, еднаш заедно загубиле, пет пати Барса губи, а Реал игра нерешено и пет пати Реал губи, а Барса нерешено.
Статистиката покажува дека тоа го прават минимум три пати во сезона, а во сезоната 2018/2019 заедно кикснале дури седум пати.
15 x 5,2 дава коефициент 78.
2020/2021 – ВО ТЕК
6. коло
Хетафе – Барселона 1:0
Реал Мадрид – Кадиз 0:1
2019/2020 – 3 ПАТИ
3. коло
Осасуна – Барселона 2:2
Виљареал – Реал Мадрид 2:2
12. коло
Леванте – Барселона 3:1
Реал Мадрид – Бетис 0:0
17. коло
Реал Сосиедад – Барселона 2:2
Валенсија – Реал Мадрид 1:1
2018/2019 – 7 ПАТИ
6. коло
Леганес – Барселона 2:1
Севиља – Реал Мадрид 0:0
7. коло
Барселона - Атлетик Билбао 1:1
Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 0:0
8. коло
Алавес – Реал Мадрид 1:0
Валенсија – Барселона 1:1
13. коло
Еибар – Реал Мадрид 3:0
Атлетико Мадрид – Барселона 1:1
30. коло
Виљареал – Барселона 4:4
Валенсија – Реал Мадрид 2:1
32. коло
Реал Мадрид – Бетис 0:2
Еибар – Барселона 2:2
38. коло
Хуеска – Барселона 0:0
Леганес – Реал Мадрид 1:1
2017/2018 – 4 ПАТИ
14. коло
Барселона – Селта 2:2
Атлетик – Реал Мадрид 0:0
22. коло
Еспањол – Барселона 1:1
Леванте – Реал Мадрид 2:2
26. коло
Еспањол – Реал Мадрид 1:0
Лас Палмас – Барселона 1:1
33. коло
Селта – Барселона 2:2
Реал Мадрид – Атлетик Билбао 1:1
2016/2017 – 3 ПАТИ
5. коло
Барселона – Атлетико Мадрид 1:1
Реал Мадрид – Виљареал 1:1
7. коло
Реал Мадрид – Еибар 1:1
Селта – Барселона 4:3
31. коло
Малага – Барселона 2:0
Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 1:1
2015/2016 – 3 ПАТИ
7. коло
Севиља – Барселона 2:1
Атлетико Мадрид – Реал Мадрид 1:1
15. коло
Барселона – Ла Коруња 2:2
Виљареал – Реал Мадрид 1:1
18. коло
Еспањол – Барселона 0:0
Валенсија – Реал Мадрид 2:2