Се вика Педро Гонзалез Лопез, а го викаат Педри тинејџерот кој синоќа го даде четвртиот гол за Барселона во 82-та минута и негов прв за каталонскиот клуб. Во игра влезе во 63-та на место Ансу Фати.
И двајцата се родени во 2002-ра и синоќа станаа првите двајца малолетници кои успеаа да постигнат гол на ист натпревар во Лига на шампиони.
Pedri arrived tonight with his stuff in a plastic bag from the supermarket. He left in a cab. In between all that he scored a champions league goal for FC Barcelona. pic.twitter.com/BI7jYszu0T
— total Barça (@totalBarca) October 20, 2020
😅 Y a sus 17 años, tras marcar con el Barça en una noche de Champions, se marchó en taxi a casa https://t.co/NAVP8mq9TS #UCL
— MARCA (@marca) October 20, 2020
Шпанскиот печат е преполн со фотографии од Педри кој се гледа како доаѓа на Камп Ноу со кеса како да бил претходно на пазарење. И додека ѕвездите на Барселона си заминуваат од стадион со луксузни коли, тој се качил во такси затоа што нема возачка дозвола.
Камерите го уловија Фати како на Камп Ноу го носи татко му, а Педри со такси за кого синоќа беше посебен ден кој ќе го памети по својот дебитански настап со гол во елитното натпреварување.
🎥💥IMAGEN @elchiringuitotv @Pedri llegó al Camp Nou...¡¡EN TAXI!! #ChiringuitoBarcelona pic.twitter.com/v9xVAx0ZaC
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) October 20, 2020
„Денеска ми се исполни еден од соништата кои ги имав како дете“, изјави младиот талент на кој Куман првата шанса му ја даде пред неполн месец кога влезе на местото на Кутињо против Виљареал, а стартер беше викендов против Хетафе.
Инаку Педри минатата сезона одигра 36 натпревари за Лас Палмас во втората лига и стана најмлад стрелец на клубот со 16 години. Сезоната ја заврши со 4 гола и 6 асистенции, а Каталонците за него летово платија 5 милиони евра.
Настапи и за Шпанија У-21 во Скопје минатиот месец, кога нашата репрезентација во квалификациите за ЕП 2021 загуби 0:1.