Таг: педри

Тренер на Шахтјор им бараше автограми на Педри и Гави

Ќе речеш деца, едниот 20, другиот 19 години, ама штом се протагонисти во клуб како Барселона, веќе се ѕвезди. Еден од тренерите на Шахтјор бараше да се потпишат уште пред да почне мечот.

Влијанието на Педри во Барселона

Со него на терен, Барса освојува повеќе бодови, постигнува повеќе голови, има повеќе удари во рамки на гол, повеќе асистенции, шанси...Сè е подобро со него, а има само 20 години.

Рафиња, Педри, Левандовски во стилот на Меси, Чави, Иниеста

И покрај сите промени и турбуленции во клубот, Барселона е сериозно решена да граби кон титулата. Имаат само еден пораз по 21 коло, оној на Ел Класико на 16 октомври, а во 2023-та имаат 11 од 11 на сите натпреварувања. Барса е единствен клуб во најсилните 5 лиги со само 7 примени голови.

Шоуто на Педри на мал простор и драмата пред голот на Барса

Со гол по 17 минути игра, Педри ја реши Селта и во очи на Ел Класико ја одржа Барса прва пред Реал, само поради подобрата гол разлика. Погледнете ги овие дриблинзи и контрола на топка на само 19 години. Во финишот Каталонците едвај се спасија да не примат гол.

Двете големи утки на Педри и Левандовски

Барселона синоќа ги имаше најзрелите шанси на Алијанц арена, но победата оди кај Баерн. Двете најсериозни прилики од неколкуте се на Левандовски и Педри, особено онаа на 19 годишникот кој не смееше да пропушти ваква прилика еден на еден со голман.

Педри го фрли во делириум Камп Ноу во стилот на Меси

Легендарниот Чави ја препороди Барселона откако и се врати како тренер. Каталонците од средина на табелата стасаа до втора позиција и сега со натпревар помалку се израмнети со Атлетико и Севиља со по 57 бода. Мечот против Севиља го реши Педри на мајсторски начин откако двајца легна на земја.

Дефанзивците на Галатасарај во дуел со Педри, сами се праќаа по цигари

Барселона е четвртфиналист во Лига Европа откако со пресврт (1:2) го доби гостувањето против Галатасарај. Во центарот на вниманието е голот на Педри на израмнување кој го споредуваат со мајсторските голови на Меси. Клизаа во празно, како први, така други.

Ги навлече ко Столе Стоилов

Една од средбите за издвојување во богатата спортска среда е мечот Атлетик Билбао - Барселона, конечни 2:3. Меси беше фантастичен со 2 гола и 2 стативи, а одлична партија имаше и Педри со гол и асистенција. Погледнете го малиот како умешно ја исфрли од игра цела одбрана со се голманот и истовремено му асистираше на Меси.

Мамо отидов да пазарам до Кам, се враќа дома од Камп Ноу со гол во ЛШ

Пет различни стрелци учествуваа во петардата на Каталонците против Ференцварош. Меѓу нив е се разбира Меси, потоа хитот Фати, ама сите зборуваат за Педри, нов клинец кој е само 25 дена постар од Фати и кој со такви си отиде дома.