Offside

Само небото е граница за Мондо Дуплантис, човекот кој е претплатен на златни медали во скок со стап.

Норвежанецот Вархолм брз како ветар - поставен нов светски рекорд

Норвешкиот атлетичар Карстен Вархолм го урна личниот светски рекорд во тешката дисциплина 400 метри со препони на Олимписките Игри во Токио и тоа со чудесно време кое тешко некој скоро да го истрча.

Хероина на Олимпијадата: падна на 300 метри до целта, па заврши прва

Сифан Хасан има 28 години. Родена е во Етиопија. Во 2008-ма доаѓа во Холандија како бегалец и почнува да студира за медицинска сестра. Паралелно почнала да се занимава и со атлетика.

Ботас направи карамбол во Унгарија, Окон чудесен победник

Валтери Ботас направи тотален хаос на стартот на трката за Големата награда на Унгарија. Прво удри во Ландо Норис па направи карамбол на Хунгароринг.

Несекојдневна сцена на Олимпијада: двајца лидери поделија злато

Катарецот Мутаз Еса Баршим и Италијанецот Џанмарко Тамбери освоија златни медали во скок во вис на Олимписките Игри во Токио, што е првпат во историјата на Олимпијада во оваа дисциплина.

А го видовте ли олимпискиот шампион што плетеше во сала?

Додека го гледаше женското финале на скокови во вода во дисциплината 3 метри, и самиот олимписки шампион во скокови во вода, Британецот Том Дејли си плетеше на трибини и стана хит во Токио.

Тивкиот херој на Олимпијадата - Луис Скола доминира и на 42 години

Ветеранот кој во кариерата играше со кошаркари кои веќе повеќе од една деценија не се активни, растура за својата Аргентина без разлика на годините

Стојоски со личен рекорд ги заврши Олимписките Игри

Рано утрово уште еден македонски претставник го заврши својот настап на Олимписките Игри во Токио.

Вардарецот Гурбиндо со поздрав за Македонија

Шпанскиот ракометен ас Едуардо Гурбиндо чија сопруга Елена е Македонка, од Олимписките Игри во Токио упати поздрав со фотографија од македонското знаме.

Поставен нов олимписки рекорд на 100 метри во женска конкуренција

Илејн Томпсон Хера од Јамајка е новата атлетска хероина, откако на трката во спринт на 100 метри на ЛОИ во Токио блесна со време од 10,61 и заслужено го освои златниот медал и го урна рекордот.

Им го посветувам медалов на Пума и Адидас, викаа не сум бил добар

Жорж Фонсека е џудист (или ако сакате поправилно џудока) од Португалија. Првпат на Олимписки Игри во категоријата до 100 килограми се појави во 2016-та каде испадна во втора рунда. Во 2019 и 2021 освојувал злато на Светските првенства во џудо во Токио и Будимпешта. Во Токио летово освои бронзен медал.

Изненадувањето на игрите во Атланта 1996 со Мухамед Али

Тоа се Олимписките игри кои Македонија ќе ги памети по деби учеството како независна држава, а светот по појавувањето на една од најславните спортски фигури на 20-ти век. Се тресеше поради Паркинсовата болест која му беше дијагностицирана во 84-та, три години во пензионирање, но сепак го запали оганот и го збогати спектаклот.

Деби од соништата за глувиот талентиран фудбалер кој научил да чита од усни

Необична приказна ни доаѓа од Јужна Америка (а зарем има нешто обично кога фудбалот и овој континент се во прашање?!).

Нова олимписка дисциплина во сурфање

Може да се вика сурфање на мирни води, бидејќи тука не се потребни бранови. Шампионов заслужува златен медал, плус не прави гужви по мостови бидејќи не ги користи.

Американците за Дончиќ пред да биде драфтуван

Не бил доволно брз, немал атлетски физикус или со други зборови не бил ништо посебно како играч. Така од прилика звучеа прогнозите за европскиот првак и МВП на Реал Мадрид на свои 18 години. Три години подоцна, овие што ги има на видеово подобро нека се прават наудрени нека не се они. 

Пресврт со помош на презерватив за бронзен и златен медал на Олимпијада

Австралиската репрезентативка во кајак Џесика Фокс може да се пофали како една од ретките на Олимписки Игри кои освоиле четири медали. Но покажа и иновативен начин за заштита на кануто и веслата.

Во што се разликува баскет 3 на 3 во однос на кошарката?

Еден од новите спортови воведени на игрите во Токио е и баскетот, кој некако кога ќе се спомне, не навраќа на детството и маалскиот живот. Ако бевме 9 души имаше и бољи пар, а тој што паузираше одеше по вода кај првиот комшија со чешма во двор.

Одржан НБА драфтот, Детроит и Орландо со џек-пот

Во ноќта меѓу четврток и петок со почеток од 02 часот после полноќ по наше време се одржа НБА драфтот 2021 во „Барклајз Центар“ во Бруклин.

Чек да го видиш Мурињо како слави медал на Португалија

Новиот тренер на Рома Жозе Мурињо паузата од подготовките и тренинзите за новата сезона ја користи да гледа Летни Олимписки Игри во Токио. Многу му се израдува на првиот медал на неговата Португалија.

Пробав да известувам мирно, ама голманот на Ѕвезда на ушка ми се качи

Црвена Ѕвезда му пукна петарда на Каират после поразот од 2:1 и закажа 3. квалификациско коло за ЛШ против Шериф Тираспол од Молдавија. Милан Борјан експлодираше од радост и направи шоу пред камера.

Најавата за трансферот на Џани во Саудиска Арабија

По долгата неизвесност околу иднината на македонскиот репрезентативец и поврзувањето со Галатасарај, Рома и уште неколку клубови од Европа, Џани Алиоски на крај се реши за Ал Ахли, каде се пишува дека ќе заработи 5 милиони евра за две сезони.

Шампионски пречек за Дејан Георгиевски на плоштад

22 годишното момче од клубот Бутел, вети медал на Олимпијадата во Токио и се врати со него на градите, а неговите фанови му возвратија и го пречекаа во солидна бројка на пеколното време. Ова се историски моменти за македонскиот спорт.

Голем пречек на аеродром за македонскиот шампион Дејан

Човекот кој по големата радост која ни ја овозможија фудбалерите, придонесе годинава на спортски план уште повеќе да се радуваме, стигна на скопскиот аеродром каде го пречекаа многу навивачи, другари, роднини.

Како оди фудбалот на Олимписките Игри?

Вие сигурно знаете дека на Олимпијадата во Токио има и фудбал? Ако сте заборавиле, да се потсетиме дека таму заврши групната фаза и испаднаа некои фудбалски велесили.

Бразилски одбојкар постојано игра со маска

По големото одбојкарско дерби меѓу светските сили Русија и Бразил, многумина ги заинтересира бразилскиот одбојкар Лукас кој беше еден од двајцата на целиот терен кој не ја спушти маската воопшто.