Offside

Ако голманот на Зеленортски Острови Возиња беше хит откако оваа селекција успеа да освои бод против европскиот шампион Шпанија и да одигра 0-0, сега голманот на Курасао го надмина и постави нов светски рекорд во број на одбрани на натпревар од Светско првенство.

16 од 26 фудбалери на Швајцарија се од семејства на имигранти, како се однесува земјата кон тоа прашање?

Во понеделникот голема сензација направи Швајцарија која до 81’ минута губеше 1-3 од Франција но за само десет минути израмни преку Сеферовиќ и Гаврановиќ, потомци на босански имигранти кои го однесоа мечот во продолженија.

Мрме заработувал 53 пати помалку од Лев

Чешкиот „Испорт Блеск“ ги објави платите на сите селектори на репрезентациите кои беа или сè уште се дел од Европското првенство.

Незапирливиот и неповторливиот Иниеста на ЕП 2012

Дај му ја на Андрес и топката е во сеф. Европски првак 2008, Светски првак 2010, Европски првак 2012. Што повеќе од тоа? Играше со леснотија и елеганција, а Шпанија сега нема ваков шампион.

Ако ви е многу жешко одете на плажа со Наинголан

Само бидете на штрек и гледајте да не заспиете.

Германија му играше во Минхен, ама Бени замина за Букурешт да ја бодри Македонија

Не сме завршиле уште со Букурешт. Се работи за многу емотивно парче од нашата спортска историја. Македонија играше за прв пат на Европско, привлече македонска публика од цела Европа, ама и еден Германец кој скоро бил на одмор во Скопје и Охрид. Убава сторија.

Голем подвиг: срушен светски рекорд на 400 метри стар 29 години

Норвешкиот атлетичар Карстен Вархолм во четвртокот на митинг на Дијамантската лига во Осло постави нов светски рекорд кој го прослави со домашна публика.

Над 700.000 денари од акцијата на Спорт Лајф за помош на центарот за деца со аутизам во Охрид

Хуманитарната акција на Sport Life „НАВИВАМЕ ЗАЕДНО ЗА МАКЕДОНИЈА“ која траеше од 11-ти до 21-ви јуни, обезбеди вкупно 712.500 денари, средства наменети за поддршка на Центарот за рани интервенции и третман кај децата со нарушувања од аутистичниот спектар, во Охрид.

Вардар ги доби противниците во Лига на шампиони

Добра група, по свој терк добија црвено-црните кои ги избегнаа гигантите ПСЖ, Веспрем и Барселона но ќе играат против шампионите на Данска, Норвешка, Унгарија, Хрватска.

Да ти е мерак да гледаш тренинг на Данска

Данска заедно со Чешка и Швајцарија се најпријатни изненадувања на Европското првенство летово. Данците тргнаа потресително во првото коло, изгубија дома од аутсајдерот Финска и беа во шок по епизодата со Ериксен, ама се вратија, заиграа како треба и сега ги чека четвртфинале со Чешка. Еве како забавно се спремаат.

Англичанец еден ден после победата над Германија

Очекувавме и колут напред, али добро е и ова.

Кирјос праша во публика каде да сервира за победа

Најконтроверзниот тенисер на денешницата, Ник Кирјос очигледно нема грам респект кон противниците. Се пријавува на Вимблдон, а се однесува како да игра тенис позади Алумина. Во ред е што го победи Џанлука Магер 3:0 и се пласираше во трето коло, ама ова на крај е понижувачки однос.

Снимка од РК Вардар – РК Пролет, 1975 година

Да разбиеме малку од фудбал. На Јутјуб деновиве се појави видео во црно бела боја, но со одличен квалитет од ракометен натпревар одигран во време на Тито. Клубовите ни се многу добро познати, ама актерите не. Веројатно ќе се препознаат.

Фудбалер на ПСЖ сними скришно расистички напад на џандар

„Утрово кога го напуштив тренинг центарот, бев сведок на една шокантна сцена, која деновиве станува пречеста“, напиша бекот на ПСЖ, Лајвин Курзава.

Зизу уште го има осетот и на стари години

Паненка, дриблинзи како да не е од оваа планета, прием со лепак, врвни слободни удари. Веќе ви е јасно за кого станува збор. Зизу на 49 години на мал фудбал 5-на-5 со синовите и други деца покажува што знае.

Идиотски потег на Беверли, фрустриран од пораз

Веќе неколку сезони по ред ЛА Клиперс стигнува до завршница на НБА плејофот ама таму се наоѓа некој подобро уигран ривал кој ги спречува да стигнат до големото финале. Сега тоа беше Феникс Санс кој ги доби 4-2. Крис Пол растури со 41 поен па цела сезона фрустрираниот Патрик Беверли го турна со сета сила во еден момент по што малку фалеше да избие голема тепачка на паркетот.

10 причини зошто да го сакате Европското првенство

Прво и основно има многу голови, повеќе од било кога. Потоа судењето е одлично, малите им прават сериозни сопки на големите и што е најважно, се игра пред навивачи.

После 28 години Феникс е во финале на НБА, првпат од времето на Чарлс Баркли

Феникс Санс го урна фаворитот Лос Анџелес Клиперс (130:103) и со вкупен резултат 4:2 се пласираа во големото НБА финале. Во шестиот, се испостави решавачки меч од финалето на Западот, Крис Пол издоминира како и во целата серија.

Швајцарецот што плачеше па се радуваше, добил бесплатно летување и авионски карти

Вечерта на 28 јуни на Националната Арена во Букурешт, Франција и Швајцарија одиграа спектакуларен меч со 6 гола, продолженија и бурни пенали. На крајот сензационално славеше аутсајдерот чии навивачи беа во делириум.

Реакцијата на Борис Џонсон на голот на Кејн со Германија

Го чекаше цела нација, од премиер, преку министри и кабинети до навивачи, новинари, јавност. И конечно Хари Кејн збрца гол на Европското и тоа против најголемиот ривал - Германија за победа од 2:0.

Во топ 10 одбрани на сезоната во ЛШ влезе и лудачката на Никола

ЕХФ не ја заборави пантерската интервенција на Никола Митревски против Пиг Сегед и заслужено ја смести во најјаките на сезоната во Лига на шампиони. Погледнете го што направи, се фрли како Џиџи Буфон и со глава му ја фати.

Мбапе должи телевизор во Кина

А што ви се криви столиците? Не е полесно да го треснете телевизорот од земја?

Чуден гол во Бразил кој не се сфаќа ниту на репетиција

Фудбалерите на Палмеирас како гости против Интернационал на 1:1 одат во контра во 88-ма минута. Данило Барбоза влегува во шеснаесетник, се сплеткува и го промашува цел гол, барем така личи на прва.

17 години, висок 219 см, се планира за прв пик во НБА

Виктор Вембанјама е името кое стои на врвот на сите тефтери на НБА скаутите и потенцијален прв пик на драфтот во 2023-та. Ова чудо од дете потпиша договор со францускиот евролигаш АСВЕЛ чиј сопственик и претседател е Тони Паркер.

 

Хуманитарна аукција со 26-те јунаци во рамка

Ем ќе ги закачиш на ѕид и ќе се гордееш со тоа што ти го оствариле сонот од детство, ем ќе им помогнеш на лица со посебни потреби.