Мбапе и Меси блеснаа за нов триумф на ПСЖ, Сити поразен но остана лидер

Во последното коло од Лига на шампиони се доби расплет во групата А каде единствена непознаница беше кој тим ќе продолжи на пролет во Лига Европа. Првите две места се резервирани за гигантите Манчестер Сити и ПСЖ. РБ Лајпциг во последните две рунди успеа да се избори за Лига Европа како трет во групата.

Лига на шампиони, групна фаза, последно коло, резултати:

Во отсуство на Нејмар, тандемот Мбапе - Меси заигра онака како што се очекува од нив. Аргентинецот на својот 5 меч во Лига на шампиони стигна до бројката од 5 гола вкупно. Килијан на 6 натпревари има 4 погодоци.

Интересно, Меси го надмина и легендарниот Бразилец Пеле на вечната листа најдобри стрелци. Меси сега има 758 гола, Пеле 757, а пред нив се Ромарио со 772 и Кристијано Роналдо со 801.

РБ ЛАЈПЦИГ - МАНЧЕСТЕР СИТИ 2:1 (1:0)
/Собослај 24', Силва 71' - Марез 76'/

ПСЖ - КЛУБ БРИЖ 4:1 (3:0)
/Мбапе 2', 7', Меси 38', 75' пен. - Ритс 68'/

7 декември 2021 - 21:55