Со нов трипл-дабл, Никола Јокиќ го престигна Лери Бирд на вечната листа

Во поразот на Денвер Нагетс од Чикаго Булс 109:97, за 36 минути на паркетот Јокиќ оствари трипл-дабл учинок со 17 поени, 15 скока и 12 асистенции. Ова е негов дури 60. јубилеен трипл-дабл во кариерата со што го престигна легендарниот Лери Бирд на вечната табела за трипл-дабл учиноци. 

Од активните играчи во НБА, на оваа супер престижна листа се Јокиќ, Џејмс Харден, Леброн Џејмс и апсолутниот лидер Расел Вестбрук кој е прв со неверојатни 189 трипл-дабл учиноци. Леброн има 99 трипл-даблови досега во кариерата и е на петто место.

За ваков подвиг на српскиот кошаркар му требаа 471 натпревар.

 

7 декември 2021 - 10:22