Демонстрација на моќ на Ливерпул среде „Сан Сиро“, Атлетико го размонтира Порто на гости и оди понатаму

Шесткратниот европски првак демонстрираше сила и како брз воз ја помина групната фаза со максимален број победи 6/6 и гол разлика 17:6. Милан заврши последен на табела, Атлетико Мадрид го преброди Порто и како втор оди понатаму.

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов влезе од клупата на полувреме од мечот Шахтјор Доњецк - Шериф Тираспол и постигна гол за 1-1 во 90+3' минута од мечот. Неговиот тим оди во Лига Европа пред украинскиот гигант кој заврши четврт.

Реал без Бензема појак од Интер во дербито во Мадрид, Халанд се врати и само што влезе од клупа даде два гола.Шахтјор како ретко кога испаѓа рано како четвртопласиран.

Милан не успеа во намерата да го совлада силниот Ливерпул и на крајот завршува на 4. место и без пролет во Европа. И покрај големиот триумф во Мадрид против Атлетико кога чудесно освоија 3 бода, росонерите немаа сили да го скротат и тимот на Јирген Клоп кој е безмилосен.

Вечер на убави голови, но и многу црвени картони, дури 5: Кајл Вокер (Манчестер Сити), Велинтон (Бешикташ), Караско (Атлетико Мадрид), Вендел (Порто), Барела (Интер).

Лига на шампиони, групна фаза, последно 6. коло, резултати:

ГРУПА А:

РБ ЛАЈПЦИГ - МАНЧЕСТЕР СИТИ 2:1 (1:0)

ПСЖ - КЛУБ БРИЖ 4:1 (3:0)

ГРУПА Б:

МИЛАН - ЛИВЕРПУЛ 1:2 (1:1)
/Томори 29' - Салах 36', Ориги 55'/

ПОРТО - АТЛЕТИКО МАДРИД 1:3 (0:0)
/Серхио Оливеира 90+5' - Гризман 56', Кореа 90', Де Паул 90+2'/

ГРУПА Ц:

АЈАКС - СПОРТИНГ 4:2 (2:1)
/Але 8', Ентони 42', Д. Нерес 58', Берхуис 62' - Сантош 22', Табата 78'/

БОРУСИЈА ДОРТМУНД - БЕШИКТАШ 5:0 (2:0)
/Мален 29', Ројс 45+2', 53', Халанд 68', 81'/

ГРУПА Д:

РЕАЛ МАДРИД - ИНТЕР 2:0 (1:0)
/Тони Крос 17', Асенсио 79'/

ШАХТЈОР - ШЕРИФ ТИРАСПОЛ 1:1 (1:0)
/Фернандо 42' - Бобан Николов 90+3'/

7 декември 2021 - 22:18