
Мечот Борусија Менхенгладбах - Фрајбург по многу нешта ќе влезе во историските книги на Бундеслига.
- Во 2’ минута стоперот на гостите Макс Егештајн го постигна првиот гол за Фрајбург
- Во 5’ минута прв гол во Бундеслига даде младиот 20-годишен Кевин Шаде.
- Во 12’ минута стоперот Филип Линхарт го матираше голманот Јан Зомер и сега Филип со 4 гола е прв стрелец на Фрајбург сезонава.
Навивачите на Борусија беа во шок. Никој не сфаќал што се случува, а некои револтирани тргнале да го напуштаат стадионот.
До полувремето првпат во историјата на Бундеслига волку гола примил само Борусија Дортмунд и тоа во 1978-ма година. Тогаш Менхенгладбах бил среќлија.
Сега е обратно, Борусија Менхенгладбах доживеа дебакл.
Тренерот на тимот со многу необично име и презиме Адолф Хитер цел меч го поминал во празно гледање.
Пред мечот ветил дека од овој дуел ќе им тргнат работите.
„Нè нервираат примените голови. Тогаш приметуваме дека многу подобро играме дома отколку на гости. Екипата сака да покаже дека дома сме многу посилини и дека ќе бидеме и на гости. Така што ќе дадеме се од себе на овој меч а после самоуверено ќе одиме на гостински натпревар“.
Ама...
Необично, токму Борусија Менхенгладбах во октомври го разнесе Баерн Минхен во Купот на Германија со убедливи 5:0 и планираше да се бори за место во еврокуповите сезонава, ама сега се на 12. место во Бундеслига.
Хитер е на раб на отказ, му се ниша клупата цел ноември. Германските медиуми пишуваат дека најсериозен кандидат да го замени на клупата е Џеси Марш кој викендов доби отказ од РБ Лајпциг и сега е слободен тренер.