Аспас на кого речиси цела кариера му е врзана со Селта, покажа што ти значи искуство, ама и желба за потење на дресот.
На мечот против Валенсија го отвори резултат во 11-та минута и потоа внимавајте што сè се случи за време на прославата.
Се повреди додека го славеше голот и свесен за повредата дека не може да го игра следниот меч, намерно го соблече дресот.
Му текна дека веќе има четири жолти картони и дека со збир од пет, ќе се исчисти следното коло, кое и онака ќе го рипне поради повреда.
Каков потег на легендарниот напаѓач на Селта за која игра 12 сезони и има 380 настапи и 166 голови.
Илчо Наумовски на пример еднаш изјави дека намерно добил црвен картон во австриското првенство, за да може следно коло како ватрен навивач на Партизан, да патува во Белград за дербито.
Galaxy brain football move 🧠
— International Champions Cup (@IntChampionsCup) December 5, 2021
- Iago Aspas scores for Celta Vigo
- Gets injured while celebrating
- Knows he’s on a fourth yellow card
- Takes off his shirt on the pitch, receives his fifth yellow (automatic one game ban)
- Cleans his card count so he’s back to 0 when he returns pic.twitter.com/b5tODsk20u