Изненадувачки резултати во Шпанија во пост новогодишното коло. Хетафе го совлада Реал Мадрид, а третопласираниот Бетис загуби дома од Селта. Јаго Аспас го реши мечот, ама и покажа голема почит.
Напаѓачот на Селта, Јаго Аспас не е меѓу помладите напаѓачи во Шпанија. Има 34 години, ама му се игра и на генијален начин смисли како во едно коло да стави две во едно: повреда и суспензија.
Во декемврискиот меч со Барселона, легендата на Селта Виго, Јаго Аспас доживеа повреда на задната ложа и отсуствуваше два месеци од теренот. За тоа време Селта изгуби 9 од 11 средби и падна во зоната за испаѓање од лига.
Ако во Галиција, еден од најубавите реони во Шпанија кој излегува на Атлатнскиот океан прашате кој е подобар, Меси или Роналдо, ќе ви одговорат: „Јаспас“. А Јаспас е човекот-икона на Селта Виго кој се врати од Ливерпул само да биде дома меѓу своите.