Воодушевувачки гест на Аспас за време на прослава за гол

Изненадувачки резултати во Шпанија во пост новогодишното коло. Хетафе го совлада Реал Мадрид, а третопласираниот Бетис загуби дома од Селта. Јаго Аспас го реши мечот, ама и покажа голема почит.

По пауза од осум години, Селта успеа да слави на гостувањето против Бетис, клуб кој игра одлична сезона и котира високо на трето место пред Атлетико Мадрид и Барселона.

Мечот заврши 0:2, а двоен стрелец на мечот Јаго Аспас. Искусниот шпански напаѓач резултатот го отвори во 36-та минута од пенал, а по 9 минути украде топка, го измами голманот и го постави конечниот резултат.

Но никој во Шпанија не зборува толку за неговите голови, колку што ја истакнуваат неговата големина. Аспас после пеналот отиде да го гушне голманот на домаќините Руи Силва.

Неупатените веројатно се чуделе или помислиле дека можеби се работи за некакво кошкање, а всушност Аспас отишол да му изрази сочувство за татко му на Силва кој почина скоро. Каква почит на легендарниот фудбалер на Селта.

Голот на Аспас кој го легна голманот

Гестот после изведениот пенал

Малерозна, ама и брилијантна прослава на гол

 

3 јануари 2022 - 14:29