Во саботата Селта го пречека Виљареал, тим кој се наоѓа на позицијата пред нив која значи спас и опстанок во лигата.
На клубот од Виго му требаше само победа, а од почеток во составот се најде Јаго Аспас (до овој меч тој одигра само 24 минути во февруарскиот дуел со Хетафе и одново паузираше цел месец поради повреда).
Гордоста на Галиција губеше 0:2 после 15’ минути игра и на полувреме се отиде со тој резултат.
А потоа на сцена стапи најсаканиот фудбалер во Виго. Во 50’ минута Јаго ја мести топката за слободен удар и дава маестрален гол за 1-2:
После точно 20 минути игра, Максимилијано Гомез израмнува на 2-2 и стадионот во еуфорија го слави голот:
Во 83’ минута по една контра на домаќините, судијата праведно досудува пенал за Селта по консултација со ВАР, а топката на бела точка ја мести кој друг ако не Аспас:
Јаго стрелаше прецизно и се стрча да прослави со навивачите додека го бакнуваше грбот на дресот. А навивачите во делириум, освоени три бода кои може опстанок во Ла Лига да значат. Во 90’ минута го извадија од игра, а тој не ги криеше емоциите и се расплака на клупата додека цел „Балаидос“ му го скандираше името:
После мечот повремениот шпански репрезентативец изјавил:
„Ова е пресвртен момент кој ни го дава потребниот импулс на крајот од сезоната. Спасот од испаѓање е во наши раце. Овој меч ќе се спомнува на крајот од сезоната кога ќе избориме опстанок. Ние просто не заслужуваме да играме пред нашите навивачи кои се најдобри“.
Marca го прогласи Јаго Аспас за најразновиден напаѓач сезонава во Ла Лига. Шпанецот постигна 8 гола со лева нога (од кои 2 од слободен удар), 1 со десна, 2 со глава и 1 од пенал. Јаго учествувал во 14 од 39 гола на Селта сезонава.