Во Европа од јужно-американски фудбал се гледаат најчесто завршниците на Копа Америка, Копа Судамерикана и дерби средбите Ривер - Бока или бразилските дуели.
Но последното коло во фудбалската лига на Парагвај донесе ултра лудачки меч: шампионот се решаваше во последно коло и се одлучи благодарение на гол во 101’ минута!
Во последното коло ситуацијата била ваква: Прв на табела бил Серо Портењо со 2 бода повеќе од ривалот Клуб Гуарани. Во последно коло Гуарани дома го пречекал Серо и само со победа станувал шампион на државата.
Сижето се замрсило уште на старт. Фудбалерот од среден ред на Серо Портењо Алан Бениез уште во 15’ минута стартува крвнички грубо над домашниот фудбалер и заслужено добива директен црвен картон. Судијата за секој случај ја гледал снимката на ВАР екранот и немал дилеми.
Со играч повеќе, бодрен бучно од околу 10.000 свои навивачи, Клуб Гурани стигна до водство во 36’ минута. Гостите со играч помалку не знаеле дали да се бранат или да пробат да израмнат. Таквиот пристап му одговарал на домаќинот кој во 51’ минута со брз напад зголемува дури и на 2-0.
И тогаш кога сите мислат дека е научна фантастика и невозможно Клуб Гуарани да не ја земе шампионската титула и да слави со своите навивачи, играчите на домаќинот прават катастрофално глупави грешки.
Првин глупиот голман Гаспар Сервио кој воедно е и капитен на Гуарани, наместо да смирува ситуација, при еден корнер на гостите, додека негов повреден соиграч излезе и легна надвор од теренот, го влечеше со сила назад во терен за да задржуваат време.
Поради ова доби втор жолт и црвен картон. Настана голем хаос во кој заслужено поради бурни протести и туркање, втор жолт и црвен картон добил и Роберто Фернандез кој претходно глумеше дека е повреден.
Гуарани така остана без прав голман и без право на измени па на гол застанал стоперот Маркос Касерес.
Во тој момент истекле 6 минути продолжение но поради гужвата, судијата оставил да се доиграат уште 5 минути. Касерес дури и имал неколку добри одбрани.
Серо Портењо напаѓал со сите сили и на две минути пред крајот намалиле на 2-1. Буквално во последните секунди од мечот гостите тргнуваат во последен напад и Патињо со глава постигнува прекрасен гол за 2-2 и лудо славје меѓу навивачите на Серо. Го соблекол дресот и добил втор жолт автоматски црвен картон но тоа не било воопшто важно.
Навивачите, играчите и стручниот штаб на Гуарани не можеле да поверуваат што ги снашло.
Погледнете го хајлајтсот од најлудиот меч за титула во 2021-ва:
Тренерот на Серо Портењо, ветеранот Франсиско Арсе не се воздржил и заплакал. Неговиот син во јули загинал во сообраќајна несреќа.
„Вие ми помогнавте да преживеам. Серо ми помогна да станам на нозе. Ви благодарам со цело срце! Серо секогаш беше за мене дом. Многу сум му должен на клубот и како фудбалер и како тренер. Но поддршката во последниве месеци ми беше најважна. И се е волја Божја. И денес се случи право чудо! Некој од горе ни помогна. И тоа го заслуживме зошто направивме многу за да се избориме за титулата“.
"Ustedes me hacían recordar a mi hijo, uno hasta me escribió a las 5 de la mañana a decirme que ya llegó a casa"
— Hernán Rodriguez (@HernanRSotelo_) December 5, 2021
Francisco Arce. pic.twitter.com/2qAKHYza2p