Светскиот шампион Германија синоќа ја обедини и европската титула откако во големото финале ја совлада Турција во крајно драматична завршница. Интересно Германците од клупата не ги водеше Шпанецот Алекс Мумбру кој поради операција го следеше турнирот зад клупата, туку неговиот прв помошник Алан Ибрахимагиќ кој е роден во Белград.
Со два порази по ред на отворањето на француската Лига 1, ПСЖ го има најслабиот старт во последните 40 години. Синоќа изгубија од најомразениот ривал во лигата, Марсеј кој славеше со 0-1. Но дербито остана во сенка на многу тепачки и прекини на теренот.
Уште не почната сезоната, а ФИФА веќе изгледа ќе треба да го затвори конкурсот за Пушкаш наградата. Златан извини, ама од волејот на Ирвин Кардона од Брест нема појак. Каква е оваа акробација и баланс на тело? Карате да не вежбал овој? Не сте виделе ваков потег.
Неверојатно, но вистинито е дека Денвер Нагетс досега веќе 5 пати можеа да испаднат но се покажаа како тврд орев во плејофот и сега во мајсторка ќе се борат за финале на Западот.
Шпанецот Борха Вале дебитираше за новиот клуб Динамо Букурешт со гол од преку половина терен. На мечот против Ботошани во романското првенство кој заврши 1-1, некогашниот фудбалер на Депортиво, 25 минути откако влезе во игра, во 71' минута ѝ се претстави на романската публика.
Играа Мехелен и Остенде во Белгија. Во 67' минута шпицот на домаќинот Астер Вранкс го имаше можеби најголемото промашување некогаш видено во белгискиот фудбал. И на крајот како капак на сè, Остенде победи со гол во 90+5' минута на Џек Хендри.
Се сеќавате ли на драмата од полуфиналето на СП 2006 меѓу Италија и Германија која ја решиja Гросо и Дел Пјеро во 119-та и 121-ва минута? Каков финиш беше тоа, на г`з да паднеш.
Најубавата фудбалска химна звучи одлично и со харфа, особено кога ќе ја навежба човек убаво како Ева. Кога ќе ја слушаме на стадионите? За групна фаза ќе почекаме до 20 октомври, уште квалификациите не се доиграни.
Сигурно не колку документарката за Џордан „Последниот танц“, но документарецот за Тотенхем Хотспур „Се или ништо Спарс“ предизвика сериозно внимание. Амазон снима од внатре се што се случувало во клубот и го спакува во интересна документарка. Вреди да се изгледа.
Не е дело на Бироф, Рамос или некој друг специјалист за игра со глава, туку на дечки од италијанската Серија Б кои успеаа да му дадат малку драж на најдосадниот спорт со бришење прашиња.
Откако гледаме фудбал, не се сеќаваме друг играч да се појавил на терен толку брзо после таква операција, да освои Лига на шампиони и да ја добие капитенската лента за да го подигне прв пехарот.
Сагата со Меси го привлече целото внимание на себе, иако Аргентинецот не е единствен играч на Барселона кој летово беше и уште е под знак прашалник. Каталонија сигурно ја напушта шпицот кој одбележа една ера на „Камп Ноу“.
ЛАЛ со 110-100 го победи Хјустон и поведе со убедливи 3-1 во полуфиналната серија на Западот. Ентони Дејвис одново играч на мечот со 29 поени (10/18 од игра, 9/9 од линијата за слободни) и 5 асистенции. После мечот видно расположен за муабет, ама една новинарка дошла со домашниот миленик на сред прес па песот лаеше.
Бранителот на титулата во Франција, со пораз ја почна новата сезона која почна со публика, а одлучувачки беше потегот на 20 годишниот Пољак Марцин Булка кој им подари една топка на фудбалерите на Ленс за конечни 1:0.
Двајцата го предводат пеколниот напад на Португалија. Роналдо е 15 години постар, има 35, Феликс 20, па знае понекогаш да му удри една заушка како постар брат. Особено ако направи слаб потег.
Шангај Ист Азија е еден од најдобрите клубови во Кина, во составот ги имаат Хулк, Марко Арнаутовиќ и Рикардо Лопез. Денес го победија Џингдао Хуангаи со 2-1, ама запазете го голот што за гостите го даде францускиот напаѓач Роман Алесандрини.
Ќе речеш Супер куп е, не толку вреден трофеј, ама погледне ги овие имиња, навивачкото ехо, емоциите на коментаторот. Супер интересно дерби од супер возбудливи времиња за италијанскиот фудбал. Хајлајтс со многу драж.
Интер Мајами е нов прволигаш во МЛС американската лига. Еден од сопствениците е Дејвид Бекам. Клубот слабо ја тргна сезоната, имаат учинок 2-2-6. Синоќа победија против Атланта Јунајтед 2-1 благодарение на голманот Луис Роблес кој одбрани 2 пенали. Првиот беше поништен па се изведе втор, Роблес му го фати и тој на Езекјел Барко.
Навивачите на Јуве го паметат од трофејните денови со Липи, а лондончани како нивен славен играч, но и тренер. Сега е повторно заедно со неговиот стар пријател Манчини, посреќен од било кога, што воопшто може да стои и да ја пее националната химна.
Хрватот ретко дава интервјуа, ама кога збори искрен е до болка. За најдобриот германски тренер вика: „Фраерот може знаеше да погреши две години па да се извади со трансфери, ама е јако харизматичен, страшно е интелигентен. Го вади најдоброто од играчите“.
Аргентинецот беше синоним за врвен центарфор, прав голгетер, шпиц сидраш кој ги тероризираше голманите со лева, со десна, со глава, од слободен удар, од пенали, буквално секако. Носталгичарите со посебна драж се сеќаваат на него.
Пред две недели германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на федералните земји донесоа решение да се продолжи забраната за посета на гледачи на натпреварите од Бундеслига минимум до 31 октомври 2020 година. Но работите се менуваат од ден на ден.