Неверојатен фото-финиш на маратонска трка на Светско првенство

Светското првенство во атлетика кое се одржува во Токио, Јапонија кулминира деновиве со најатрактивните трки. По финалето на 100 метри каде Јамајка го врати златото после цели 15 години, супер интересно беше и на величествениот маратон. Таму на 42 километри и 150 метри долгата патека триумфираше Алфонс Феликс Симбу кој буквално во последните 20 секунди од трката влезе како втор зад Аманал Петрос од Германија. Африканецот Феликс Симбу во луда завршница го претрка ривалот за само 0,03 секунди!

Волку идентично време време на првиот и вториот немало речиси никогаш на маратон. 2:09:48 за новиот шампион:

33-годишниот Танзаниец и го донесе првото светско злато од светски првенства во атлетика на својата земја на „Националниот стадион“ во Токио. Во 2017-та година во Лондон на Светско првенство освои бронзен медал а на бостонскиот маратон годинава поминал втор низ финишот.

Германецот Аманал Петрос водеше на маратонската трка долго време дури до самиот финиш кога влегоа на стадионот но не успеа за буквално пола чекор да стигне до златото. Бронзениот медал го освои Илиас Ауани од Италија со време 2:09:53.

На оваа трка настапи и македонскиот атлетичар Дарио Ивановски кој заврши на 58. место од 64 маратонци кои ја завршија трката.

Како изгледаше финалето на трката на 100 метри на Светско?

15 септември 2025 - 10:57