Како изгледаше финалето на трката на 100 метри на Светско?

По пауза од 10 години, златниот медал на Светското првенство во атлетика во трката 100 метри се враќа во Јамајка.

Foto: EPA

Јамајканецот Облик Севил е новиот светски првак на 100 метри во финалето на Светското првенство кое се одржува во Токио.

Севил до триумф стигна со време од 9.77 секунди и тоа му е личен рекорд и најголем успех во кариерата.

Сребрениот медал е исто така за Јамајка, а го освои Кишан Томпсон, кој задоцни само 5 стотинки.

Бронзата ја освои Американецот Ноа Лајлс со време од 9,89 секунди.

Со оваа победа, Севил го врати златото во својата земја после 10 години, која владееше на четири Светски првенства, од кои три пати со Болт на тронот.

Реакцијата на Болт

15 септември 2025 - 08:55