- Дваесет и девет годишниот камерунски голман е пратен на позајмица до крајот од сезоната во турски Трабзонспор. Андре Онана конечно го напушта „Олд Трафорд“ и навивачите конечно можат да здивнат после неговите киксови кои ги чинеа многу во изминатиот период.
- Манчестер Јунајтед на последниот ден од преодниот рок го купи белгискиот талентиран голман Сене Ламенс за 18 милиони фунти од белгиски Антверпен.
- Онана го изреволтирал и тренерот Рубен Аморим што од Камерун се вратил со ситна повреда која што ја заработил додека играл на некое игралиште во родната земја.
- Фудбалскиот судија Хавиер Ортега (48) бил убиен на терен за време на аматерски натпревар одигран во Пасахе, Еквадор.
- Играчите и навивачите вриштеле и барале да се засолнат, а судијата починал на лице место.
- Вооружените лица веднаш избегале и сè уште се на слобода.
- Во декември лани, еквадорскиот репрезентативец Марио Пинеда беше убиен во пукотница, а неговата мајка ранета додека излегувала од месарница во населбата Саманес во Гвајакил. Двајца осомничени мажи беа уапсени.
- Некогашниот легендарен германски голман кој стана симбол на Баерн Минхен, Оливер Кан изразил свое мислење по повод Мундијалот кој летово ќе се одржува во САД, Мексико и Канада.
- „Во САД сега се случуваат многу нешта кои веќе не одговараат на нашите вредности. Еден од примерите е војната (во Иран). Но јас не сакам да прелистам што се Доналд Трамп направи од моментот кога се врати на претседателската функција. Сега невозможно е да се отиде таму во добро расположение“, рекол Оливер Кан.
- Како да подзаборавил дека и Германија е во воен блок и дава воена помош на други држави.