ПСЖ ги почитува своите легенди

За разлика од многу други клубови и особено репрезентации кои „мува не ги лази“ за нивните легенди, европскиот шампион ПСЖ мисли на нив.

Стоперот Преснел Кимбембе целата своја кариера досега ја помина во ПСЖ каде стана и капитен. Тој дебитираше за парискиот клуб на 17. октомври 2014-та против Ленс кога влезе во игра наместо Тиаго Мота на гостински терен.

Од тогаш за 10 години одигра 165 натпревари, постигна 1 погодок, стана капитен и француски репрезентативец. Освои 8 шампионски титули во Франција, 5 Купа на Франција, 4 Лига Купа, Лига на шампиони, Супер Куп на УЕФА.

Со Франција освои Светско првенство 2018 и Лига на Нации во 2020/2021.

Сега оди да игра во Катар, а на неделниот натпревар ПСЖ - Ленс (екипа против која дебитираше) се прости од клубот и навивачите.

Му приредија спектакуларно испраќање, и навивачите и клубот:

 

15 септември 2025 - 14:56