Што може да очекува Јувентус од Суарез, старо железо или врвно засилување

Сагата со Меси го привлече целото внимание на себе, иако Аргентинецот не е единствен играч на Барселона кој летово беше и уште е под знак прашалник. Каталонија сигурно ја напушта шпицот кој одбележа една ера на „Камп Ноу“.

Најдобриот другар и семеен пријател на Меси во Барселона е Луис Суарез кој после неколку години ќе го напушти клубот во овој трансфер преоден рок.

Управата на Барса сака да се отараси од Луис Суарез, тренерот Куман исто не гори од желба да го има во тимот. Како што стојат работите Уругваецот е најблизу до премин во Јувентус.

Што може да очекуваат навивачите на Јувентус од овој ветеран чија форма во моментов е голема енигма.

ПАДОТ НА СУАРЕЗ БЕШЕ ОЧИГЛЕДЕН ВО ПОСЛЕДНАТА СЕЗОНА

Во своето најдобро време, Луис Суарез важеше за еден од најсилните напаѓачи на светот. Одлично чувство за гол и сјајна реализација. Имаше фантастично движење во и надвор од шеснаесетникот. Тактички спремен да игра и чиста 9-ка која ретко излегува од противничкиот шеснаесетник но и крилен напаѓач кој кружу околу противничките бекови.

Суарез на времето во Ајакс и Ливерпул беше „заразно“ борбен, енергичен и издржлив. По 90 минути играше добро не само во напад туку и во одбрана. Беше права машина за голови.

Но со текот на годините, Суарез е во се поголем пад на форма. Што поради возраста што поради тоа што во Барселона долго време имаше многу поограничена улога отколку во претходните клубови. Главен јунак во Барса се знае кој е така што Уругваецот мораше да игра подредена улога.

Минатата сезона најдобро се виде колку Суарез е паднат во форма. Често беше повреден, често беше пасивен на теренот, малку се движеше и делуваше летаргично.

Ако се гледа количеството на негови голови и асистенции, тоа изгледа сосема добро, но при детална анализа ќе стане јасно дека е виден пад во играта. Секако за неговиот пад голема улога играше и падот на целата екипа.

Ако на дуелите против послаби противници Суарез редовно даваше по некој гол и влегуваше во шанси, на големите натпревари Барса немаше многу корист од Уругваецот и тоа е општ тренд во последните сезони.

На широко беше позната неговата празна серија на гостински мечеви во Лига на шампиони која траеше од есента 2015-та до скоро мечот со Баерн во ЛШ ако формално може да се смета гостински.

(Последен пат Суарез на гости во ЛШ дал гол на 16 септември 2015-та. Од тогаш до денес одиграл 1.828 минути на гости во Лига на шампиони со 0 голови и 5 асистенции).

ИМА ПРОБЛЕМИ СО ЗДРАВЈЕТО И СО КОНДИЦИЈАТА ПОРАДИ ХРОНИЧНИТЕ ПОВРЕДИ НА КОЛЕНАТА

Физичката состојба на Лучо Суарез во последните пар години не била идеална. Тој секогаш долго се враќа во форма после пауза поради повреда. Но фер е да се каже и дека немаше слободно лето во изминативе години (што со Барса што со репрезентацијата на Уругвај).

Овој полн календар и ужасен распоред беа голема мака за болните колена на Луис Суарез.

Минатата сезона легендарниот уругвајски центарфор го повреди менискусот на коленото. Вообичаено, во просек секој играч поради таква повреда би пропуштил 2 месеци, а на Суарез му требаа цели 4 месеци. За него тоа значеше крај на сезоната („го спаси“ пандемијата која го прекина фудбалот).

Но нема никакви гаранции дека таа ситуација нема да се повтори одново.

Проблемите со колената го ограничуваат потенцијалот на Суарез, а тое може да го компензира само со физичка подготовка и напорни тренинзи.

Во последно време имаше и многу дискусии околу дисциплината и тренинг режимот во Барселона.

Испаѓа како Суарез прерано да остаре со повредите. На пример, Левандовски и Бензема, играчи кои може да ги споредуваме со Суарез. Пред 4-5 години Уругваецот беше многу подобар од двајцата. Но веќе во 2020-та ситуацијата е поинаква: Левандовски заслужено претендира за наградата најдобар играч на сезоната, а Бензема го покажа најдобриот фудбал во кариерата и го однесе Реал до титула.

Притоа Суарез игра сè помалку и помалку.

Проблемот со колената не е единствен кај Суарез. За неговиот поголем апетит е познато горе-долу се. Особено популарна тема е меѓу навивачите на Барселона кои знаат дека Уругваецот е склон на дебелеење и сака да јаде многу. Кога ѕвездите на Барса гостувале на клупската телевизија и од нив било побарано ги објаснат играчите со емоџи, на Суарез сите му ставиле хамбургер.

Барселона сака да се отараси од него поради огромната плата која што му ја дава (минимум 15 милиони евра со бонуси и важи за еден од 10-те најскапо платени фудбалери на светот).

Но навивачите никогаш не би требало да заборават дека Луис Суарез е права клупска легенда. Стана 3 најдобар стрелец во историјата на клубот што е огромно достигнување. 

11 септември 2020 - 13:46