Си ја гледал Барса - Валенсија од балкон?

Додека „Камп Ноу“ уште се реновира и ќе се реновира најмалку до зимава, Барселона реши наместо на Олимпискиот стадион „Монжуик“ каде играше цела мината сезона, овојпат да игра домашен натпревар на стадиончето „Жорди Кројф“ каде игра втората екипа и младинците.

Во некогаш дербито на колото а сега брканица „мачка и глушец“, Барселона со 6-0 ја испраши Валенсија пред полн стадион. Интересно стотина луѓе од околните балкони, тераси го следеле натпреварот и уживале во голеадата.

На стадиончето „Јохан Кројф“ имало 5.862 гледачи колку што е и речиси целосниот капацитет.

А на улица „Федерика Монтсени“ број 15-17, осумкатница. Нит редови нит гужви, нит чекање. Станарите од оваа зграда и нивните блиски пријатели кои им доаѓаат на гости, имале привилегија да го гледаат и дуелот против италијански Комо во рамки од „Жоан Гампер Куп“ кога Барса славеше убедливо со 5:0. А сега победија 6:0. Се изнагледаа 11 погодоци.

Со мала разлика: оние од прв и втор спрат не можат да бидат баш ништо како и нормално оние чии балкони се од другата страна. Повеќето од нив се качиле на покривот горе на кров и уживале со пиво и грицки.

15 септември 2025 - 14:08