Просто нема коло во најдобрата македонска фудбалска лига а да не се појави некое видео со голмански кикс. До толку киксови што се направи и една компилација.
Џон Руни е шест години помлад од брат му Вејн. Игра за нисколигашот Стокпорт и денес го запозна фудбалскиот свет подобро со него. Во 1. рунда на ФА Купот постигна лудница од гол од пола терен против Рочдејл.
Вест Хем и Фулам 91 минута играа фудбал без ниеден гол, а тогаш домаќинот поведе преку Томаш Сучек. Во последните секунди од продолжението Фулам добива пенал кој запна да го изведе Адемола Лукман. И мангупот пробува паненка.
Коњаспор со 0:2 го совлада лидерот во Турција Фенербахче. Мрежата им ја начна Марко Јевтовиќ со фантастични „маказици“ кои уште долго ќе се вртат по хајлајтсите на сезоната во турската Суперлига.
Македонска фудбалска сцена = светска бламажа, ништо ново за мак фудбалот нели? Струга имаше 2:1 против Вардар, ама се до 96-та минута кога Дејан Блажевски изведе еден млак слободен удар, топка која голман треба со заби да ја фати. Урош Ѓуриќ интервенираше како од вчера да е голман.
Претседателот на Лацио дефинитивно може да се смета за Доналд Трамп меѓу претседателите на фудбалски клубови. Веќе неколку дена е карамкаша со тестовите во римскиот клуб.
На сите балкански лакрдии кои сме ги виделе до сега, ова е врвот. На нисколигашки меч меѓу Врело Спорт и Спартак Љиг гостите допатуваа со само 7 играчи и за да избегнат дебакл, најдоа начин како мечот веднаш да биде прекинат. Со лажење дека еден не може да продолжи.
Нотингем Форест го пречека Викомб во Чемпионшип. Поведе домаќинот во 30' минута, гостите израмнија во 57' и до 90+7' немаше гол. А тогаш пенал за Нотингем кој реши да го изведе Лил Тејлор. Чаламџиски. И не му е првпат.
Капитенот на Реал Мадрид, до толку знае да биде “срцка“, што и два дена по негов настап излегуваат видеа на кои се гледа неговото беспрекорно коректно однесување. „Стани кучкин син, престани да врескаш како глушец“, му рече на Хакими од Интер со кој играа заедно.
Не се гледа секој ден играч од карантин одма на прв натпревар да се врати со два гола, напротив нормално е малку да закржлави бидејќи седел дома и не тренирал со екипата. Ама работата е што него и седењето дома му се состои од строги правила.
На најдолгата серија без пораз на Милан во последните 24 години ѝ дојде крај. Тимот предводен од Пиоли не изгуби од 8 март (18 победи и 6 нерешени). Ама во четвртокот вечер им пристигна Јусуф Јазичи.
Динамо Киев поради позитивни тестови во Барселона отпатува без 11 првотимци меѓу кои и двајцата први голмани - Денис Бојко и Георгиј Бушан. Во таква ситуација шанса доби еден 18-годишник на кој му се падна да дебитира во Лига на шампиони против големата Барселона.
Кога ќе почне карамбол оди па расчисти го. Ја рогаат еден од друг, промашуваат цел фудбал, се лизгаат, паѓаат, гаѓаат стативи. Овде фалат уште тигри, мајмуни и лавови за циркусот да биде комплетен.
Застанете пред нив за да ги маркарите и него и голманот, потоа само клекнете, а чичо ќе им направи Роналдињовка и тепаме. Александар Катаи тоа го направи со мозок, а не на сила за Црвена Звезда - Гент, конечни 2:1.
Од големиот чаршав на 24 натпревари од натпреварите во Лига Европа голем впечаток ни остави едно голчиште од мечот Рапид Виена - Дандолк 4:3, единствен каде падна седмица. Го даде 23 годишниот Дејан Љубичиќ кој успеа да испали проектил без залет.
Мечот Виљареал - Макаби Тел Авив од 3. коло во Лига Европа беше одложен на неколку часа, па се доигра и домаќинот победи со 4:0. „Естадио де ла Керамика“ и теренот беа во склад со прекарот на клубот „жолта подморница“.
Пред 10 години, Рафаел Надал ја одигра можеби најдобрата сезона во кариерата. Стана првиот тенисер во историјата кој освоил Гренд Слем на три различни подлоги во една календарска година. На почетокот на оваа година учестуваше во спот за големиот хит на Шакира.
Охриѓанецот Марјан Кикески доби најубав подарок откако синоќа на мечот Ференцварош - Јувентус во Лига на шампиони, одигран пред гледачи, доби дрес од ѕвездата на Јувентус.
Еврокуповите се врхунски турнири особено кога во една сезона некој аутсајдер ќе дотурка најдалеку од сите и ќе направи сензација. Таква беше приказната со луцидните Монако и Депортиво Ла Коруња.
Играа заедно 11 години, се радуваа заедно на 14 трофеи, ама кога во 2005-та Фил направи трансфер во Евертон, а Гери остана во Јунајтед, браќа да, може, ама после утакмица. Сега фокусот е 3 бода и ништо друго.
Во отсуство на Мбапе, Нејмар и Икарди, предводник на нападот на ПСЖ против Лајпциг беше Моис Кин. Младиот италијански напаѓач кој претходно играше во Евертон и Јуве, не направи ништо посебно за петкава вака сам да се поништи.
Мирчеа Луческу е жива легенда и еден од највозрасните активни тренери кој четири децении дели памет на фудбалери. Без суета, му пријде и му го побара дресот на еден од најголемите играчи, а овој мангупски постапи.
Изненадување на вечерта во Лига на шампиони беше неочекуваната победа на Истанбул Башакшехир над Манчестер Јунајтед 2:1. Ова е прва победа на младиот турски клуб во Лига на шампиони.