Ламин Јамал: „Сме спиеле во кујна, штом заработив ѝ реков на мајка ми да бира куќа“

Најголемата ѕвезда на Барселона и легитимен наследник на вечниот Лионел Меси на „Камп Ноу“, младиот Ламин Јамал вели за својата мајка дека „е негова кралица и дека е она што секое дете може да посака“. Раскажал и како се чувствувал кога татко му го избоделе на улица.

Фото: Epa Images
Фото: Epa Images
Photo: Epa Images

Требаше да биде Килијан Мбапе, но никој не очекуваше дека од предградието на Барселона ќе се појави слабашно момче со растурена коса и брзо ќе го залуди светот. Ламин Јамал е сега прва ѕвезда на светскиот фудбал и мож да ужива во се што таквиот статус носи.

Но добро се сеќава и како било кога немале. И затоа посебно и е благодарен на мајка му Шејли Ебани.

„Немаше многу време да поминува со мене поради работа, но секоја вечер правеше вечера. Порано живеевме во стан во кој дневната соба и кујната се едно исто и штом заработив некоја пара, и реков на мајка ми да бира населба во која ќе и купам куќа каква и да посака! Сега ја гледам насмеана. Посакав и брат ми да има детство кое и јас би го сакал за себе. И татко ми сега е мирен дома, но мајка ми е мојата кралица. Таа е се што едно дете може да посака“, раскажал Ламин Јамал во подкастот кај Хозе Рамон де ла Морена.

Шејл Ебане е инаку од Екваторијална Гвинеа. Татко му Мунис Назрауи е Мароканец кој работел како молер пред Ламин да стане светска суперѕвезда.

Неверојатна е и приказната за двојното име на Ламин односно тоа што тој се вика Ламин Јамал. Имено на неговите родители кога мајка му забременила со него, а биле во исклучително тешка финансиска состојба, им помогнале двајца луѓе - Ламин и Јамал.

„Баба стигнала прва, таа се пикнала во автобус во Мароко и некако успеала да стигне до Матаро. Работела три смени за да може да ги помогне другите и да го повлече татко ми кој останал во Мароко. Кога заработила доволно платила некоја жена да ги донесе татко ми и сестра му. Имале три години. Мајка ми е од Гвинеја, дошла со другата баба но во Барселона. Родителите ми се запознале во Шпанија и почнале да живеат во социјален стан за млади родители. Знаете она, се е во една трпезарија. После често живееме кај пријатели кои би ни отстапиле по една соба. Дури после кога се разведоа јас со мајка ми се преселив во Гранољерс“, го раскажува Ламин Јамал тешкиот животен пат на неговите родители.

Животот на емигрантите не е нималку лесен. Знае за тоа и Јамал кој се сеќава и на дента кога татко му стана светска вест број 1 поради голем инцидент кога во кавга со некои непознати лица, бил избоден на паркинг во август 2024.

„Бев во автомобил со роднината Моја. Телефонот ми беше поврзан со звучник и не побара друг роднина од Мароко. Ми кажа дека татко ми е избоден. Имав 16 години. Прво што сакав да сторам е да излетам од кола и да тргнам за Матаро но роднината не ми даде. Сакав на воз да се качам, но тој ме заклучи. Прво во кола, а после и дома иако му реков дека веќе никогаш нема да му прозборам ако не ми дозволи да одам во Матаро. Следниот ден отидов на тренинг, татко ми ми се јави да ми каже дека се е во ред, го видов во болница и се смирив“, се сеќава Ламин Јамал.

Тој иако е најголема фудбалска ѕвезда на свет, времето и натаму го помина со другарот од Ла Масија, Брајан со кого играат Плејстејшн. Дома имал четири уреди Сони Плејстејшн.

„Да имам најголема вила на свет, пак времето би го поминувал во соба со плејстејшн“.

На прашањето дали ја сонува „Златната топка“ за најдобар фудбалер на светот тој вели:

„Не сонувам за тоа дали ќе ја освојам Златната топка. Сонувам дека ќе освојам многу Златни топки. Тоа им го викам на другарите. Спремен сум за тоа и ако не успеам тоа ќе биде зошто не сум сторил нешто како што треба“.

Но тој плати сметка и на првата рампа за својата слава. На денот на неговиот роденден кога стана полнолетен, направил журка после која го обвинуваа многу во Шпанија. Викнал џуџиња да ги служат, барал по случаен избор на Инстаграм девојки со посебни критериуми и такви глупости.

„Не сум луд. Сè тоа ми беше смешно, пробаа да ми го нарушат угледот. Некоја жена зборува дека сум бирал девојки вакви или онакви, а тоа се е лага. Па после онаа приказната за келнерите, а тие дечки таму си работат“, вели Јамал на прашање за скандалот околу неговиот роденден.

Via 

12 септември 2025 - 13:00