Одбраната на Хаидарирад против Карачиќ во ТОП 3 на колото во ЛШ!

Еурофарм Пелистер на најдобар можен начин ја стартуваше новата авантура во елитната Лига на шампиони. Во реновираната сала „Боро Чурлески“ во Битола пред крцати трибини Пелистер славеше 25-23 против хрватскиот шампион Загреб. Јунак на победата беше Иранецот Саид Хаидарирад кој бранеше феноменално на голот и фати неколку зицери меѓу кои и оној на ветеранот Игор Карачиќ. Оваа одбрана е во топ4 на колото.

Последната минута од драмата во Битола и атракцијата на Митревски

 

12 септември 2025 - 15:15