„Рафа Надал не е само тениска суперѕвезда, тој прави и транзиција во светот на бизнисот“, вака Bleacher Report на 1. март 2010 година најавува текст за Шпанецот.
Да се чита тоа денес, звучи смешно.„Преориентираниот на шоу бизнис“ Надал во следните 10 години освои еден куп Гренд Слемови, а синоќа на Мастерсот во Париз ја забележа и јубилејната 1.000 победа во кариерата.
Но имало повод за таков текст. Една недела претходно светската мега ѕвезда, Колумбијката Шакира објави спот за песната Gipsy во кој „саканиот“ ѝ играше Рафа Надал.
Песната Gipsy беше четврт и последен сингл на осмиот албум на Шакира „She Wolf“ кој излезе во есента 2009-та година и во следните три години беше во топ 10 листите.
Спотот е сниман во Барселона на почетокот на 2010-та пред Рафа Надал да отпатува на почеток на сезоната на Блискиот Исток. Шпанецот имал 23 години, а Шакира 32.
„Сакав да ставам во спотот некој со кој можам да се идентификувам. Некој што како мене непрестано патува по светот. Рафа Надал е таков: рано ја почна кариерата, совлада многу препреки и цело време е на пат“, го објаснила изборот пејачката која тогаш освои 2 од 3 Гремија колку што има.
Младиот Надал кој допрва го освојуваше светот исто бил задоволен од соработката со Колумбијката:
„За мене ова беше ново искуство. Многу пати сум снимал реклами, но ништо вакво не сум работел. Многу ми се допадна. Шакира како и секогаш беше величествена. Да се работи со така шармантна жена е многу едноставно. Многу е пријатна, така што времето летна неприметно, изјавил Надал“.
Шакира го возвратила комплиментот:
„Рафа е класа, така што да се снима со него беше весело. Многу бев воодушевена од моментот кога он прифати да учевстува во спотот“.
Песната и спотот направија бум. Песната беше микс на влијание од индиската музика бхангра, американско кантри и шпанско фламенко. Во Шпанија и Мексико стана рекорден хит.
Спотот го смислил и реализирал режисерот Хаиме де Лаигуанои.
Рафаел во тој период веќе е во врска со неговата идна жена и другарка од детството Хиска. „Сè беше нормално. Тоа е само дел од работата“, рекла девојката на Надал.
Шакира во 2010 година сними друг спот со топ спортист: Жерар Пике се појави во спотот за песната Waa Waka (This time for Africa) за Светското 2010 во Јужна Африка.
Шакира подоцна стапи во брак со фудбалерот на Барселона, имаат две деца и многу глобално хуманитарни иницијативи.
Околу тениските турнири секогаш има занимливи моменти со играчите, па така 23-годишниот Новак Ѓоковиќ еднаш во бела перика и со тениски рекет во дует со другар му Виктор Троицки правеа пародија на спотот на Шакира и Рафа кои добро го прифатија овој перформанс: