Сите денеска зборуваат и го споделуваат моментот кога Меси се влечеше на терен против Динамо, што се разбира е недозволиво особено за име како него, без разлика што се играа последните секунди.
Во сенка на тој потег крај аут линијата се случи една не баш забележана и многу ретка сцена, а тоа е тренер да бара дрес од играч.
Да, тоа го направи Мирчеа Луческу, легендарниот романски стратег кој инаку е еден од најтрофејните тренери во историјата. Му го побара дресот на Меси кој сигурно посакува да можел да го тренира во неговата богата 40 годишна кариера, а овој направи одличен потег.
Вети дека ќе му го даде, ама не на терен, туку подоцна, бидејќи со тоа ќе ги прекршеше Ковид протоколите.
Не се гледа секој ден тренер да бара дрес од играч, па уште и стар волк како Луческу кој има тренирано клубови во Романија, Италија, Турција, Украина и Русија.
Дури 33 трофеи му стојат на Википедија, а најпознат е по 12 годишниот стаж во Шахтјор Доњецк (2004–2016) каде стана најтрофеен тренер во клупската историја со 22 трофеи од кои и Куп на УЕФА.
Во Турција освои 3 Супер Купови. Супер Куп на Турција и Супер Куп на Европа со Галатасарај и Супер Куп на Турција со Бешикташ. Романскиот шампионат го освои и со Динамо и Рапид Букурешт.
Во 2015-та стана петтиот тренер со 100 меча во ЛШ. Другите се Фергусон, Анчелоти, Венгер и Мурињо.
Инаку друг ваков пример кој ни текнува е кога Анчелоти како тренер на Наполи му го побара дресот на Салах.
Освен овој гест на Меси, незабалежан или помалку зборуван момент од мечот остана и неговото елегантно крадење на топка по кој падна голот на Пике.
here's Messi defending in the same game which lead to Pique's goal pic.twitter.com/4txwT0G0af
— Yummy Coot (@yummycoot) November 5, 2020