Башакшехир од 2014 година неизоставно се бори за врвот во турската Супер лига и веќе успеа да стане шампион - минатата сезона ја освои титулата пред Бешикташ, Галатасарај и Фенербахче кои доминираа во турскиот фудбал со децении.
Но велат дека зад историјата на брзиот успех на Истанбул Башакшехир стои многу политика.
КЛУБОТ ПОСТОЕЛ НЕПРИМЕТНО ЧЕТВРТ ВЕК, ПОСЛЕ ДОБИЛ НОВО ИМЕ И БОИ ОД ПАРТИЈАТА НА ЕРДОГАН
ФК Истанбул бил основан во 1990 година под називот Истанбул Бујукшехир Беледиеспор.
Од сенка овој непознат клуб излегол дури во 2014-та гоина кога седуммина турски бизнисмени кои ја поддржуваат партијата на Ердоган, се организирале и го презеле клубот кој го сменил името во Истанбул Башакшехир (по реонот во кој се наоѓа).
По апсолутно тотален ребрендинг, клубот добил сино-портокалови бои, тоа се бои на Партијата за правда и развој чиј лидер е турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Ердоган бил поврзан порано со Башакшехир: Во '90-те години бил градоначелник на Истанбул и активно го посетувал овој реон кој сега е построен идеално за претседателот на Турција: исламско население, активнa градба на нови згради и фудбал.
Новите газди го водат клубот како приватна компанија што е некарактеристично за турскиот фудбал во кој најчесто има клубови со задолжителни избори за нов претседател и управа.
Истанбул Башакшехир троши многу пари на нови засилувања и за нивни плати. Во тимот се или беа Мартин Шкртел, Робињо, Арда Туран, Гаел Клиши, Демба Ба, Епурјану итн.
Клубот паметно троши и на перспективни млади играчи кои подоцна ги препродава (Џенгиз Ундер го довеле за 5 милиони евра а го продадоа во Рома за 14 милиони, денес е играч на Лестер).
Уредникот на The Blizzard Turkiye Бора Ишја ја фали политиката на клубот: Башакшехир направи одлична екипа од играчи кои во Галатасарај, Фенербахче и Бешикташ не би можеле да бидат ни на клупа за резерви.
А од друга страна овој нов клуб ги има најмирољубивите навивачи во земјата. Додека навивачите на трите гиганти од Истанбул важат за едни од најжестоките во Европа, оние на Башакшехир се мирни.
„Ние сме чесни, добри и вредни луѓе кои со почит се однесуваат кон противникот. Не прифаќаме насилство ни на стадиони ни надвор од нив“, вели Бурак Билгли претставни на фан клубот на Истанбул Башакшехир.
Овој фан клуб брои 1.453 членови. Башакшехир ја има најслабата посета во цела турска суперлига, па дури и кога се бореа за титула, на домашен терен немаа повеќе од 3.000 гледачи.
Посетеноста на Топ-тројката изнесува од 28.000 до 38.000 гледачи. Забавно е што Башакшехир ја освои титулата во Суперлига во периодот кога поради пандемија немаше гледачи, па фудбалерот Гокхан Инлер иронично рекол дека Башакшехир бил најспремен за такво сценарио од сите.
ПРВ ЧОВЕК НА КЛУБОТ МУ Е РОДНИНА НА ЕРДОГАН, А СИТЕ СПОНЗОРИ СЕ ВРЗАНИ СО ДРЖАВНИ КОМПАНИИ
Од 2004-та година ништо не е сменето во Истанбул Башакшехир. И натаму има седум инвеститори (финансиери) кои го сочинуваат советот на директори, но има поголема политика надвор од клубот.
Номинално првиот човек на Башакшехир - Ѓоксел Гумушдаг е близок со Ердоган. Тој е бизнисмен и поддржувач на партијата. Во периодот на обидот за воен преврат во Турција во 2016-та година, Гумушдаг го повикувал народот во одбрана на претседателот. Жената на првиот човек на Башакшехир е роднина на жената на Ердоган.
Главен спонзор на Истанбул Башакшехир е „Медипол“ (компанија која се занимава со медицински услуги) и која е поврзана со Ердоган - ја основа Фахретин Коџа, личен доктор на семејството Ердоган и министер за здравје на Турција.
Други големи спонзори на клубот се Turkish Airlines и Halk Ekmek (компанија за производство на храна која го помогнала трансферот на Арда Туран пред неколку години).
Но управата секогаш негира какви било односи со Ердоган. Најважните тези на оваа тема ги изнел генералниот директор на Башакшехир, Мустафа Ерогут во интервју за The Athletic.
„Нема никаква директна врска меѓу клубот и претседателот. Во клубот има луѓе блиски до Ердоган и такви кои со него не се знаат.
Омразата кон клубот почна поради неговите успеси. Во првите три години не викаа симпатична екипа, видоа прекрасна инфраструктура во Башакшехир и не сметаа за иднина на турскиот фудбал. Но кога се вмешавме во борба за титулата, се се смени“.
„Ние имаме државни спонзори и дел од држваните спонзори како и секој друг турски клуб. Нашиот буџет е не повеќе од 25% од топ буџетите (приходите на Башакшехир се 55-56 милиони евра со учество во Лига на шампиони).
Не ругаат што стадионот ни го направила државата. Но во Турција веќе 25 клуба имаат нови стадиони изградени од државата“.
Ердоган играл и на ревијалниот меч по повод отворање на стадионот на Башакшехир. Носел дрес со број 12 (12-ти претседател е на Турција) и дури постигнал хет-трик. „Идејата на Истанбул Башакшехир е во нова генерација навивачи. Во еврокуповите нашиот стадион да биде полн. Многу ми е жал што во денешни услови поради пандемија луѓето не можат да видат како Башакшехир игра против ѕвезди како Нејмар, Мбапе, Погба“.
Нашата иднина е поврзана со развој на млади фудбалери. Ние веќе изградивме девет терени за академијата. Само така може да ја сочуваме финансиската стабилност“, вели директорот на клубот, Мустафа Ерогут.