На историски спортски успех, потребен му е и коментаторски блесок кој адекватно ќе се залепи на завршните кадри од Тбилиси во кои преовладуваа радости и солзи. Колегата од МТВ имаше експлозија од емоции, а некои го критикуваа дека мешал политика.
Ти благодариме Елиф што ги измеша како бавча, ти благодариме Нестор за асистенција, ти благодариме Горан за голот за кој претходно само сонувавме дека ќе го доживееме. Благодариме на цела репрезентација од селекторот до магационерот.
Првото навистина, второто фигуративно како паралела за тоа од колкава важност е неговото присуство во репрезентацијата и тоа што го направи за неа. Не заборавајте дека селекцијата ја носи на плеќи со 37 години. Не се раѓа пак ваква легенда.
Нашите фудбалски јунаци се во транс во Гранд Плаза. Ристовски и Алиоски повторно со иструменти в рака, Пандев во елемент, заедно со Николов, Нестор и уште ред други. Ова е историја за македонскиот спорт која одекна во цела Европа и треба достојно да се прослави. Уживајте момци. Заслуживте.
Во четвртокот вечер се одиграа 4 натпревари. На едниот Македонија прослави историска победа, а на другите 3 имаше големи драми. Унгарија дури до 89' минута губеше со 0-1 од Исланд, за да во 4 минути направи комплетен пресврт и слави лудачки триумф за пласман на Европско 2021.
Клипов е врв на возбудата која ни ја донесоа овие момци и ќе се врти со години. Мрме: Во оваа работа покрај професионално, работат и емоции. Пандев: Нема спиење, со нетрпение го очекуваме натпреварот.
Во време ва светска пандемија која целосно го искомпликува фудбалот и општо животот, како и по историскиот успех на Македонија, не можеше да се појави по епска фотографија од оваа.
Во вакви историски моменти човек да посака да биде секаде во исто време. Да го гледа голот на Пандев 100 пати, да го преслушува емотивниот завршен збор на коментаторот, во кола да свири, на плоштад да пее. Ние доживеавме сè од ова. Душава ни е полна.
Од вкупно 4 натпревари на кои се решаваа конечните патници на ЕВРО2021, на 3 меча имаше голема драма. Познати се сите учесници на континенталниот собир следното лето.
Македонската фудбалска репрезентација доцна синоќа слета во Приштина, поради магла во Скопје и беше пречекана на граница од владина делегација и медиуми. Но да видиме како изгледаше испраќањето на скопскиот аеродром на нашите јунаци.
По децениско чекање, Унгарците ќе врзат два настапи на ЕВРО едно по друго. Откако во 2016-та беа најголемо изненадување заедно со Велс, синоќа Унгарците направија епски подвиг.
Македонската нација се радувала на големи успеси на ракометарите, на кошаркарите, на одбојкарите и на сите оние кои со огромен напор обезбедија пласман и играа на големи натпреварувања. Синоќа дојде ред и на оние кои најмногу ги чекавме - фудбалска Македонија ќе игра на најголемиот собир во Европа.
Историските спортски мигови се нарекуваат историски кога се случуваат и доживуваат за прв пат, а коментаторите се незаменлив декор на секој ваков ден. Игор го остави грлото во Литванија, Југо во Келн, а Тони Стојановски во Тбилиси каде експлодираше од емоции во друштво на Горан Стерјов.
Како увертира за она што ги чека хероите кога ќе слетаат во главниот град, илјадници граѓани излегоа на улиците ширум земјата да го прослават историскиот подвиг на фудбалската репрезентација.
Со големо срце, храбра и мудра игра, македонската репрезентација ја совлада Грузија на гости и обезбеди историски пласман. Како награда, ќе излезе на мегдан против Холандија, Украина и Австрија во следното лето. Веруваме пред илјадници наши грла.
Игра 17 сезони во Серија А, освои вкупно 9 трофеи со Лацио, Интер и Наполи, стана светски и европски првак со Жозе Мурињо, но во една прилика изјави дека би ги менувал сите трофеи за едно учество со Македонија на ЕП.
Со фанатична борбеност македонските фудбалери го направија најголемиот успех - обезбедија пласман на Европско првенство 2021! Федерацијата веќе подготви рекордни премии.
Голот кој го чекавме со години, голот за кој мечтаеа и фудбалерите и ние новинарите и цела македонска јавност. Голот кој ќе остане во аналите на македонскиот спорт. Браво мајсторе и за тебе, но и за Елмас и Нестор. Мозок им испивте со акцијава.
Финалето на Лига на нации во групата Д кулминираше со испишување на нова историја за македонскиот репрезентативен фудбал. Радувај се Македонијо, златните нозе на Пандев не носат за прв пат на едно големо натпреварување.
Веќе не се бројат години, туку часови до историјата по која копнееме сите. Фудбалската треска се повеќе се чувствува. На видео врска Скопје - Тбилиси ги имаме Претседателот и селекторот на Македонија со цел состав. Така е Мрме, ве чекаме на плоштад.