Европската фудбалска куќа УЕФА за сите репрезентации кои ќе бидат дел од континенталниот шампионат обезбеди супер премии - по 9,45 милиони евра.
Дел од оваа сума, околу 3 милиони евра ќе поделат фудбалерите и сите членови на стручниот штаб што е рекордна премија во историјата на нашиот спорт. Момците у селекторот ова АПСОЛУТНО го заслужија со своите игри, а нивниот сон да бидат дел од најголемиот фудбалски настан во Европа - ЕВРО 2021 на 12 ноември во Тбилиси стана реалност.
Европското првенство ќе се игра од 11 јуни до 11 јули следната година. Репрезентацијата на Македонија веќе ја знае својата група. Според предвиденото, ние ќе играме во Букурешт и во Амстердам каде за ривали ќе ги имаме: Холандија, Украина и Австрија.
За првпат во историјата Европско првенство ќе се игра во 12 града, во 12 различни земји.