Од дебито за националниот тим во 2001, Пандев стана персонификација на македонскиот фудбал кој виде сè и учествуваше во сè. Играше за Македонија и кога во 2008 бевме со најдобриот пласман на ФИФА како 46-та фудбалска земја, па се до најлошиот пред три години како 166-ти.
Имаше навивачи и кои го оспоруваа дека не се трудел доволно за репрезентација и дека не го давал максимумот, па дури и го свиреа на Градски, но тој направи џентлменски потег. Се врати, изгина за дресот на Македонија и ја однесе на Европско. Појако од ова ни на филм.
Има многу што да се каже и издвои од нашата најголема ѕвезда со рекордни 114 настапи и 36 голови, кој дефинитивно го заслужува епитетот фудбалска икона. Не го величиме само ние, туку уште еден куп медиуми од регионов, Италија и Европа.
Новиот претседател на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски соопшти дека ќе биде прогласен за Олимписки великан на МОК.
А на Твитер налетавме и на ваква фотографија.
СВЕТИ ПАНДЕВ!!! #PANDEV pic.twitter.com/TP5JBLQiZ9
— Footbla (@FootblaDigital) November 12, 2020
Да, имаше и такви кои не разбираа што е тоа Лига на нации, дека премногу сме ја кревале во небо репрезентацијата бидејќи противниците биле аматери, па дури и дека било глупост. Што ли ќе кажат сега таквите контраши.
To anyone who thinks the Nations League is stupid, ask any Macedonian how they’re feeling right now. A great concept which allowed new countries to qualify for the Euros for the first time. Beautiful to see.
— TR (@TacticalRole) November 12, 2020
Congratulations to Macedonia 👏🏻🇲🇰 pic.twitter.com/W02Lnt8F2u
„Многу сум среќен и возбуден. Одигравме голем натпревар и остваривме голема победа за нашиот народ и за сите нас. Сонот ни се оствари. Одиме на Европско“.
How it Started: How its going: pic.twitter.com/AbTagcO28B
— TheReal (@Stefan_Tod) November 12, 2020