Со години бевме само гледачи, па и навивачи на некои балкански земји кои по неколку пати учествуваа на Светски и Европски првенства, а сега сме мангупи број 1 во регионов.
Внимавајте добро на картата. Освен Хрватска, инаку финалист од СП 2018 кој се разбира дека нема да си дозволи кикс од толкав размер да не биде учесник, само уште ние од балканов успеавме да се пласираме на ЕП 2020 кое се премести за следното лето.
Ја нема ни Грција, ни Бугарија, ни Србија, БиХ, Словенија, Црна Гора, како и Албанија и Косово.
Грците, инаку европски прваци од 2004 беа елиминирани во Лига на нации уште во групна фаза, исто како и Словенија, Албанија и Црна Гора.
Бугарија беше елиминирана во полуфинале од Унгарија, БиХ од Северна Ирска, Србија синоќа го загуби финалето од Шкотска на пенали, а Косово го совладавме ние во полуфинале.
Фотката е дело на Александар Гижаровски