Унгарија на луд начин се пласираше на Европско

По децениско чекање, Унгарците ќе врзат два настапи на ЕВРО едно по друго. Откако во 2016-та беа најголемо изненадување заедно со Велс, синоќа Унгарците направија епски подвиг.

Во финалето од плејофот, на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта Унгарија го пречека Исланд.

Гостите водеа од 11-та минута со 0-1 со голот на Гилфи Сигурдсон по кардинална грешка на голманот Гулачи. И до 89' минута резултатот не се смени, а после во само 4 минути огномет од Унгарците.

Прво Лоик Него во 88', па Доминик Шобозлаи во 92' минута за победа од 2:1 и пласман на Европско 2021:

 

13 ноември 2020 - 08:54