Солзите на нашата фудбалска икона

Игра 17 сезони во Серија А, освои вкупно 9 трофеи со Лацио, Интер и Наполи, стана светски и европски првак со Жозе Мурињо, но во една прилика изјави дека би ги менувал сите трофеи за едно учество со Македонија на ЕП.

12 ноември 2020 ќе го памети доживотно, а поинакво финале и не можеше да посака во кариерата. Гол вреден пласман на Македонија на ЕП. Честитки пристигнаа и од Џенова.

12 ноември 2020 - 20:11