Offside

Со 4 нерешени во еден ист ден што е практично реткост за натпревари од Светско првентство заврши синоќешната програма на Мундијалот. Најголемо изненадување беше ремито без голови меѓу европскиот шампион Шпанија и дебитантот кој првпат игра на Светско - Зеленортски острови.

Чудниот гол кој го прими Манчестер Јунајтед

Убаво дерби одиграа Манчестер Јунајтед и Арсенал со 5 гола и победа на домаќините од 3:2. Мечот го отворија гостите преку Емил Смит Роу во 13 минута по една глупава ситуација. Фред успеа да си го повреди голманот, па на ударот немаше кој да се фрли.

Молдавска комична фудбалска сцена

Верувале или не, Шериф Тираспол (41 бод) со сите тие силни Јужно-американци и Африканци во тимот кои го урнаа големиот Реал Мадрид, во домашното првенство е втор зад Петрокуб (42 бода) против кого играа денес. Ама Шериф има 3 меча помалку. А видеово во прилог е комична сцена од тој дуел.

Не е за смеење Салах, за плачење е, во право си

Човекот игра пар сезони во транс. Нема терен ни стадион каде не е најдобар. Буквално растура во Премиер лига (убедливо прв стрелец во моментов со 13 гола и 8 асистенции). И паметњаковичи новинари од цел свет го избрале пазете, на 7-мо место во трката за Златна топка.

Пиротехничко шоу во Холандија на тренинг кој се одржа во 5 сабајле

Не е тоа адекватно време ни за бурек, ни за чорба, ни за ништо, освен за сон. Ама Холандија е тоа, скроз друг менталитет. Од 5 рекле, од 5 ќе тренираме.

Што мајка ти?

Се работи за средношколски натпревар во САД на кој се тврди дека цело време мајка му пцуел и не бирал зборови.

Како се анулира предност од 4 гола во ракомет за 100 секунди?

И две децении подоцна, асоцијација за пресврт во фудбал ни е тоа што му го направи Манчестер Јунајтед на Баерн во финалето на ЛШ. За ракомет таков пример ќе биде овој од Полска.

Во Германија пак затвораат стадиони поради новиот сој, Дортмунд вратил 67.000 купени карти

Сè погласно се зборува дека фудбалот одново може да остане без навивачи - новиот сој на коронавирусот тн. омикрон силно влијае на посетеноста на спортските настани во некои земји.

Како се вика Македонија на шпански?

Женската ракометна репрезентација на Македонија не се квалификуваше на Светското првенство во Шпанија, но сепак ќе има еден претставник, а тоа е Драган Начевски во улога на делегат. Слушнете како го најавија на отворањето на мечот Шпанија - Аргентина. Чиста 10-ка за домаќинот уште на старт.

Во Премиер лига пак имаше прекин поради срцев удар на навивач, Вотфорд и Челси реагираа присебно

Во месец и половина, втор случај со срцев напад кај навивач на трибините и по брза реакција на лекарските служби, сè се завршило добро.

Јанис Антетокумпо во епизодата подржи пивово

Актуелниот шампион Милвоки Бакс, предводен од неверојатниот МВП Јанис Антетокумпо во многу драматична завршница го совлада Шарлот Хорнетс 127-125. На 5 секунди ЛеМело Бол од Шарлот гаѓа луда тројка од 10 метри за 125-125 и Хорнетс веруваа дека осигурале продолженија. Тогаш топката ја зема Јанис.

Гвардиола во чудо по голот на Силва

Манчестер Сити го преброди тешкото гостување во Бирмингем кај Астон Вила и славеше победа 1-2 за важни три бода во трката за врвот. Шампионот одигра прекрасен фудбал и уште во првиот дел два пати го совлада домашниот голман. Чудесен беше вториот погодок, дело на Португалецот Бернардо Силва кој ќе конкурира за најубав гол на месец декември.

Две нови епски промашувања на празен гол

Ентони Нвакаеме не си сам. Во конкуренција за промашување на годинава ти се приклучија уште двајца. Каспер Долберг од Ница на мечот против ПСЖ и еден цреп од Канада. Неверојатни утки.

Винисиус си ги игра како сака

Пак ќе кажеме дека Европа е полна со јаки од генерацијата 2000-та. Винисиус игра веќе четврта сезона на Бернабе, каде одлично се кали. Сезонава му е најдобра на голгетерски план со 11 комада на 20 средби, ама и кога не дава голови е спектакл за гледање. Мечот со Атлетик го реши Бензема, а Бразилецот ги шина Баскијците.

Мајсторијата на Ибра на која голманот беше само гледач

Ново голчиште и нов ветерански рекорд на неуморниот Златан Ибрахимовиќ кој стигна до шести гол сезонава на девет настапи. Внимавајте добро на новиот рекорд кој вели вака: Има 31 постигнат гол во Серија А, откако наполнил 38 години, заедно со Силвио Пиола.

Па добро судија, кај гледаш ти воопшто?

Сакраменто Кингс изгуби од ЛА Лејкерс кои играа без својот лидер Леброн Џејмс. Ај што изгубија, ама „кралевите“ во еден момент останаа и без Девион Мичел, нивниот пик на летошниот драфт во НБА. Тој се повреди откако згазна на ногата на еден од судиите.

Битката за Златната топка на Дарко Панчев кој заврши втор

„Чекај Панчев тогаш Златна топка освои? Не, не, Златна копачка. Платини му ја врачи во Скопје“. Така звучеше и уште звучи дилемата на оние кои знаат да ги помешаат брзините. Па да се навратиме на таа 1991, да се потсетиме и да разјасниме ако уште некој се меша што значи топка и копачка, ама златна.

Хет-трикот на Барди во фокусот на УЕФА

И покрај тоа што репрезентативните пресметки за годинава завршија, УЕФА на својот официјален Твитер профил потсетува на некои од најјаките партии на некои играчи. Меѓу нив се најде и Енис Барди кој се прикажа во извонредно голгетерско светло против Ерменија.

Излезе новата книга на Златан Ибрахимовиќ, раскажa за најтешките и најубавите моменти во животот

Во разговор со Алдо Кацуло од Кориере Дела Сера, Златан Ибрахимовиќ опфати неколку теми меѓу кои и неговата нова биографска книга „Адреналин“ пишана во соработка со италијанскиот новинар Луиџи Гарландо.

Снајперот на Дибала и мангупската измама на Мората

По поразот дома од Аталанта, Јувентус се врати на победничките патеки на гости против Салернитана со 0:2. Убави се и двата гола, а жртва е голманот кој беше немоќен да ги спречи овие две сосема различни мајстории.

Најубавите голови во Премиер лига за месец ноември

Единаесеттиот месец од годината пружи преубав фудбал и фантастични натпревари во најгледаната лига на светот - Премиер лига. Паднаа толку добри голови што просто право уживање е видеото од спортскиот канал Спортклуб во кое се склопени сите врвни погодоци од месец ноември.

Елиф Елмас пред голем јубилеј - 100. меч во дресот на Наполи

Македонскиот бисер Елиф Елмас вечерва ќе го одбележи својот прв голем јубилеј откако е дојден во градот под Везув, на југот од Италија. На мечот Сасуоло - Наполи некогашниот фудбалер на Работнички и Фенербахче, ќе го одигра својот 100. меч во дресот на Наполи.

Мајсторски волеј на Бабунски во стилот на Ибрахимовиќ

Македонските репрезентативци на Балканот ова коло се претплатија само на атрактивни и тоа доста атрактивни голови. По двете велемајстории на Јани Атаносов во Хрватска, да обрнеме внимание и на прекасниот потег на Доријан Бабунски кој го постигнува седмиот гол сезонава за Ботев Враца.

Блесок на Јани Атанасов за Хајдук со два еврогола кои долго ќе се раскажуваат

Хајдук и Локомотива Загреб приредија спектакл со 9 погодоци и конечен резултат 6:3, а топ тема во хрватскиот печат е македонскиот талент кој импресионираше со два лудачки голчишта.

Кире во свој стил, во последен напад го спаси Нант од пораз

Му го дадоа само второто полувреме, а тој возврати со 5 гола, 3 асистенции и клучен проектил во финишот од 9 метри, за бод на гостувањето кај екипата на Гог во Европската лига, 29:29. Ете тоа е Кире Лазаров, човекот кој е навлезен во 42-рата година од животот.