Шпицот на Болоња кој го приближи Милан до скудето со интересна порака до Малдини

Во заостанатиот натпревар од Серија А, Интер рано поведе на гости кај Болоња и за очекување беше нераѕурите да ја превземат лидерската позиција. Но така не мислеа домаќините кои направија пресврт и победија 2-1. Стрелецот на победничкиот гол Никола Сансоне испрати порака до Милан.

„Се надевам дека Малдини или некој од Милан ќе ми се јави. Барем да ми се заблагодарат или па нека ми дадат договор за позајмица следна сезона за да заиграм во Лига на шампиони“, се насмеа Сансоне кој е голем навивач на Милан уште од дете.

Аматерска грешка на голманот на Интер која може да биде клучна за Скудетото

28 април 2022 - 10:13