Аматерска грешка на голманот на Интер која може да биде клучна за Скудетото
На еден од трите заостанати натпревари од Серија А, Интер вечерва киксираше на гости против Болоња и загуби со 2:1. Остануваат уште четири кола до крај во кои Милан влегува со предност од 2 бода и ако ги добие станува шампион. Иван Перишиќ е пишман што се реши при изведувањето на аутот да му ја подаде на вториот голман Раду кој тешко се избламира.