Примариус доктор Алберто Ѕангрило од Оперативната единица за анестезија и реанимација во приватната клиника Сан Рафаеле остро одговорил на новинарски повици:
„Огорчен сум од телефонските повици од псеудо новинари кои шпекулираат со животот на човек кој се бори“, вели доктор Ѕангрило кој се грижи за најпознатиот фудбалски менаџер на светот.
Попладнево повеќе италијански и други европски познати медиуми објавија вест дека Мино Рајола е починат.
Самиот Мино твитна на неговиот официјален профил на Твитер:
„Моментален здравствен статус за оние кои прашуваат: зезнат втор пат во 4 месеци ме умираат. Изгледам способен да воскреснувам“
Current health status for the ones wondering: pissed off second time in 4 months they kill me. Seem also able to ressuscitate.
— Mino Raiola (@MinoRaiola) April 28, 2022