Пред само три кола броевме три, па и четири екипи во битка за титулата во Серија А, што е реткост. Но Јувентус загуби дома од Интер и ремизираше со незгодната Болоња, која потоа освои уште 4 бода со миланските екипи.
Заедно со нив од трката испадна и Елиф Елмас со Наполи, кој во изминативе три кола освои само бод. Пораз од Фиорентина и Емполи и реми со Рома.
Со поразот на Интер од Болоња во заостанатиот меч, која во изминативе 5 кола се непоразени без физичкото присуство на Синиша Михајловиќ, кој ги следи од болница, сега во пол позиција за Скудетото е Милан.
Со 4 од 4 ќе го слави Скудетото број 19 во својата историја и ќе го стигне градскиот ривал, кој го брани трофејот.
Иако изгледаше дека Милан има потежок распоред до крај, сега тоа повеќе изгледа на релативна работа. Во фудбалот може слободно да кажеме дека секој може да победи секого.
Од трите тешки противници кои се борат за ЛЕ, Милан го совлада Лацио со гол во судиско. До крај ги чека дома Фиорентина и Аталанта, кои синоќа остварија чудни резултати. Фиорентина – Удинезе 0:4 и Аталанта – Торино 4:4, а само што рековме дека се борат за Европа. Гостувањата им се против Верона и Сасуоло.
Интер нема до крај за противник некој од звучните противници, да речеме од топ 8, ама па загубија од Болоња која како 13-та ниту ќе испаѓа, ниту ќе се бори за европските натпреварувања.
Прво ги чека гостување кај Илија Несторовски, па меч дома со Емполи, а во последните две кола играат со Каљари и Сампдорија, кои според моменталната состојба на табела, се борат за опстанок.
Распоред на миланските екипи со тоа како во просек освојуваат бодови екипите дома/гости изгледа вака: