Мбапе добил 10 гласа на изборите за претседател на Франција

После претседателските избори во Франција, тамошниот печат пишува за интересни анегдоти од гласањето. Најдобриот француски фудбалер во моментов, ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе во вториот круг добил 10 гласа.

Стандардна појава на речиси сите избори во многу земји е дел од гласачите, незадоволни од ниту еден од понудените кандидати, да допишуваат имиња по свој тертип, па така понекогаш се гласа за Супермен, Спајдермен, Том и Џери и сл.

Во малата општина Талне во Франција каде живеат околу 400 жители, Килијан Мбапе добил 10 гласа, па медиумите претпоставуаат дека акцијата била однапред планирана.

Гласовите не влијаеле на резултатот зошто Килијан не беше воопшто регистриран како кандидат.

КОЈ ПОБЕДИ?

Во првиот круг кој се одржа на 10 април, ниту еден од кандидати не доби апсолутна предност во гласови, па затоа после две недели се одржа втор круг каде се бореа најголемите ривали во последниве години, Емануел Макрон и Марин Ле Пен.

На крајот Макрон победи со 58,5% од гласовите а Ле Пен доби 41,5%.

МАКРОН ГО ПОДДРЖА МБАПЕ ПО ИСПАЃАЊЕТО НА ФРАНЦИЈА ОД ЕВРОПСКО И САКА ТОЈ ДА ОСТАНЕ ВО ПСЖ

Новоизбраниот француски претседател често зборува за спортот. Во јуни 2021-ва тој се восхитуваше на фудбалските квалитети на Килијан Мбапе и зборуваше дека тој треба да остане во Париз.

„Мислам дека е важно Мбапе да остане во ПСЖ. Важно е за клубот, важно е за Лига 1. Но јас никогаш нема да вршам притисок врз играч поради такво прашање. Тоа е лична работа на фудбалерот и јас го уважувам сечие право на избор. Килијан восхитува милиони Французи. Тој е талентиран фудбалер а неговите физички и технички квалитети се неверојатни. Има интуиција како Платини и Зидан. Голем играч е. Се гледа на терен дека прави разлика од останатите“.

По испаѓањето на Франција во 1/8 финале на Евро 2020 од Швајцарија кога Мбапе го промаши решавачкиот пенал, Макрон му напишал поддршка на 22-годишниот фудбалер.

Шпанска Marca во септември лани пишуваше дека претседателот на Франција ќе се обиде да влијае на одлуката на Мбапе да го продолжи договорот со ПСЖ. За најдобриот млад играч на денешницата сериозно е заинтересиран Реал Мадрид чии навивачи тврдат дека веќе е договорен за следната сезона.

КОЛКУ Е МБАПЕ ПОПУЛАРЕН ВО ФРАНЦИЈА?

Нивото на популарност на шпицот на ПСЖ во Франција може да се види по истражувањето на Францускиот инситут за јавно мислење - компанија која што е специјализирана за изчување на јавното мислење во сферите маркетинг, развој и политика.

На тој рејтинг најпопуларен долго време е авторот Жан-Жак Голдман кој бил прв на листата дури 11 пати.

Мбапе за првпат се појавил на листата најпопуларни Топ 50 Французи во 2018-та и набрзо стигнал до четврто место, зад глумците Дани Бун и Омар Си, а и зад споменатиот Голдман. Популарноста на Мбапе порасна по освоеното злато на Светско првенство 2019 кога Килијан беше клучен играч во освојување на титулата.

Понатаму рејтингот на Мбапе паѓал, во 2019-та тој бил 14-ти, во 2020-а и 2021-ва 19-тии.

27 април 2022 - 15:46