Јунаците на Болоња му пееја на Михајловиќ под прозор

Откако тренерот им е во болница и тоа по втор пат на лекување од леукемија, Болоња нема пораз на сите пет меча. Синоќа го симнаа од тронот Интер кој се бори за Скудето, а момците му направија изненадување на Синиша Михајловиќ со аплаузи и песна.

Болоња во последните пет кола одигра нерешено со Јуве, Милан и Удинезе и ги победи Сампдорија и Интер.

„Како сте?“ Ги праша Синиша. 

„Добри сме. Уморни, ама среќни“, му одговори Лоренцо Де Силвестри.

28 април 2022 - 15:56